Расфрлани шминки, дезодоранси, по некој детергент и уште тон работи натрупани над машината за перење облека - звучи познато? Време е да ја средите бањата и да не изгледа како „бомбата да паднала“.
Извадете ги магнетите од фрижидерот, шарените ретро пешкири заменете ги со еднобојни, завесите закачете ги повисоко - мали промени во домот со кои ќе додадете луксузна нота, без да се потрошите многу.
Малку боја, неколку детали, храброст за да направите промена и секако, вашата фантазија - на овој начин „здодевните“ простории во домот ќе добијат сосема нов лик.
Доколку сакате да промените нешто во дневната соба, тогаш размислете за поставување на мала стаклена масичка. Ваквите масички не само што се приспособливи на секој простор, туку се и доста практични.
Кујна која потсетува како да е од филмовите, зелена нијанса на елементите - како да ја уредите кујната за да биде не само практично, туку и пријатно место во домот?
Столчиња од ковано железо и растенија како лаванда – доволно е да промените само неколку ситници на балконот за да му дадете италијански шарм.
Дрвениот под е елегантен и модерен, но ако сакате дополнителна удобност, ставете си черга или тепих со кои ќе ја одржите топлината и пријатноста во собата. На што друго да обрнете внимание при уредување на спалната соба, за да постигнете чувство на смиреност?
Закачете ги завесите високо и купете бели крпи и постелнини бидејќи нема да избледат по 2-3 перења (и ќе го задржат луксузниот изглед).
Зелената боја смирува, а лесно се вклопува во бањата бидејќи изгледа одлично со бела која е чест избор за елементите како мијалник и када.
Не обрнувате внимание на огледалото кое рефлектира неуреден дел од домот, го претворате ходникот во магацин со еден куп натрупани јакни на закачалка - кои работи во ходникот оставаат лош впечаток за вас како домаќин?
Без разлика на сезоната, сончогледите се секогаш добра идеја за да внесете свежина во домот.
Грешка бр. 1 при изборот на стан - до влезот се стига по скали, а нема пристапна рампа за количка.
Свежо цвеќе и детали во весели бои – не ви требаат многу труд и пари за да го трансформирате ходникот во удобно катче.
Купувате мебел кој е тежок за одржување и ги оставате ѕидовите бели – кои грешки да ги избегнувате за домот да не и изгледа неуредно?
Кујнскиот полуостров не само што ќе ви помогне визуелно да ги одвоите дневната и кујната, туку е и практичен.
Доколку немате време и пари за реновирање на кујната, овие трикови ќе ви помогнат да ја освежите, а да не го оштетите семејниот буџет.
Наместо пластични вазни за цвеќиња, изберете керамички со рустикален изглед, а големите зелени површини заменете ги со декорации и цвеќиња. Кои идеи за уредување на дворовите ќе бидат хит сезонава?
Предноста од декорирањето на домот со кактуси е тоа што тие не бараат многу нега, погодни се и за почетници и личности кои поголем дел од времето се зафатени.