Дизајните инспирирани од природата стануваат сè популарни, додека доминацијата на сива боја за многумина е премногу монотона и експертите сметаат дека е најдобро да ја замените со потопли нијанси.
Проверете ја чешмата. Доколку водата не тече непречено или протекува, експертите советуваат да ја промените бидејќи водата ќе се одрази на вашите финансии...
Наместо голем тепих во домот, подобро е да изберете еден помал килим, а преполнетата закачалка во ходникот нема да ви помогне да ги најдете побрзо јакните – напротив, ќе изгубите време во откачување и закачување. Кои грешки во уредувањето ви трошат време, пари и нерви?
Многу голема (аголна) гарнитура, но и премногу уметнички дела на ѕидовите – кои трендови за уредување од минатата година веќе стануваат демоде и не се најпрактични, според дизајнери на ентериер?
70-тите се враќаат на голема врата. „Бушави“ килими, плочки во впечатливи бои, темно дрво и уникатни детали ќе бидат хит нареднава година.
На бањата можете да ѝ дадете новогодишен дух така што ќе ставите крпи во црвено-бела боја или пак чергички со новогодишен дезен. Неколку идеи што ќе ве инспирираат.
Голем дел од домовите низ Македонија веќе се накитени. Од тераси и дворови со совршени новогодишни декорации, до огромни елки во дневната соба. Каква е атмосферата во празнично украсените домови на Македонците?
Не ставајте голем тепих на подот и одберете понизок мебел – Постојат трикови со кои ќе создадете илузија на пространост и во најмалите простории.
Златната боја изгледа одлично во бањата, а доволно е да замените само неколку детали за да добиете луксузен изглед.
Отворени полици, генерички уметнички дела и скапи сезонски декорации – Кои трендови за уредување не се најпрактични и е подобро да ги избегнувате?
„Препознатливо за мене е што во мојот дом секогаш сè е украсено во зависност која доба од годината сме. Покрај останатите декорации, омилени ми се есенските. Топол чај, пријатна атмосфера, мирис на цимет и добра книга е сè што ми дава мир и спокој во есенските денови“, вели Драгана Ѓорѓиевска за CRNOBELO.com.
Некои куќи делуваат како да се од бајките.. Или како да се донесени од иднината. Со својот необичен изглед привлекуваат толку внимание, што станале вистински туристички атракции. Сте виделе ли во живо некоја од овие необични куќи?
Во времето на паметната технологија, реалност станаа и прекинувачите кои работат на гласовна команда. Па, така, само со еден збор можете да го вклучите или исклучите светлото – и тоа без да станете од креветот.
Покрај бојата на килибар која нè асоцира на есен, темносината е уште еден одличен избор со кој ќе го освежите домот.
Завеси од подот до таванот, многу растенија и три извори на светлина се само дел од триковите со кои ќе додадете доза луксуз во домот, без да потрошите цело богатство.
Ставете високи столчиња, закачете огледало на еден ѕид и заменете го големиот лустер со што е можно посуптилен – можете визуелно да ја зголемите кујната без да менувате многу работи во неа.
Плочки од подот до таванот и црни мијалници – некои ситници можат да направат бањата да ви изгледа монотоно, па и евтино, дури и ако е потполно нова.
Ако имате мала дневна, ставете големи перници на подот наместо табуретки и слободно комбинирајте различни материјали во домот.