Од перничиња, до столчиња, до поголеми парчиња мебел, како софи и слично, она што ги тера сите да се свртат кон овој тип мебел е токму удобноста на мекиот материјал. Погледнете како изгледаат парчињата мебел изработени со букле материјал.
Златни огледала, свеќи со меурчиња, вазни во облик на скулптури, празни кутии со потпис на светски брендови - веројатно веќе сте ги виделе во повеќе македонски и инстаграмџиски домови овие детали кои прават просторот да изгледа луксузно.
Кога го замислуваме идеалниот дом, сигурно секој од нас не замислува премногу мал простор. Но, и малиот простор може да изгледа одлично и визуелно поголем, доколку следите неколку едноставни совети од експерти за ентериер...
Од природни елки со црвени лампиони до вештачки огромни до таванот обоени во бело... Од Сара Мејс до Маја Кикириткова, какви елки има годинава низ домовите во Македонија?
Како да направите новогодишната елка да свети посилно од сите други години? На социјалните мрежи се шири еден едноставен трик за распоредување на светилките.
Мини даска за млечни производи со соодветни ножиња на магнет, шарена дрвена даска со смола и уште 4 типови кои треба да ги имате ако често правите мезиња. Што ви недостасува во колекцијата?
Празничната сезона полека почнува да се чувствува, како во европските градови, така и во домовите на Македонците, судејќи по Инстаграм фотките, а овојпат се фокусираме на малите домови во кои нема место за огромна елка. Малите елкички со природен, минималистички изглед се вистински хит.
Кафеавата боја може да му даде топлина на просторот, но ако претерате, собата ќе изгледа многу мрачно – кои други модерни трендови за уредување е најдобро да ги избегнувате?
„Ја обожавам белата лулашка во дневната соба. Преудобна е, издржлива е и за голема килажа до сто килограми, а во неа ужива мојот син Тино (4), но и јас и сопругот. Промашување пак ни е што не ставивме никакво осветлување над шанкот во кујната, додека уредувавме“, споделува Анета од Кавадарци за CRNOBELO.com.
Мирисливи свеќи со арома на цимет, декоративни тикви, кујнски крпи со есенски мотиви – постојат многу начини да внесете есенска магија во домот, без да трошите многу пари.
Уметнички дела, уникатна столна ламба и барем едно класично парче мебел - кои ситници можат да го разубават вашиот дом, според дизајнерка на ентериер?
„Погодок ми е што димензијата на фиоките ја правев според организерите кои беа планирани за нив, не барав организери според фиоките. Тешкотија во домаќинството е црниот, гранитен мијалник, кој бара многу внимание и често пребришување со сува крпа за да не остануваат бели флеки од бигор, како и стаклениот параван во туш кабината, кој мора да се пребришува по секое туширање…“, споделува Александра Стојанова (31) за CRNOBELO.com за својот стан во Влае.
Пастелните жолти нијанси го подобруваат расположението и прават просторот да изгледа „сончево“ и топло. Поради ова, тие се едни од најдобрите бои за во дневната соба.
Средете го просторот околу прозорецот, тргнете ги предметите од мијалникот и купете убаво килимче за подот – постојат многу начини да го разубавите вашиот тоалет, без да потрошите цело богатство.
„Јас ја обожавам есента, затоа што ова е време е да ги извадите џемперите, ќебињата, перниците со есенски мотиви и да испиете греено вино и да вкусите десерти што мирисаат на есен“, споделува Боро Секуловски од Скопје за CRNOBELO.com.
Грешка: Непријатен мирис во ходникот поради натрупани нечисти чевли, наместо да се соодветно складирани во плакарче.
„Многумина ќе речат во есен има магливи утра, дождови и ветер, но јас ја сакам таа преубава топла атмосфера со варени костени, чај и убава книга. Преплетени нијанси на портокалово, жолто и кафеаво…Тикви, цвеќиња, разни есенски украси. Сето ова се трудам да го доловам во мојот дом“, вели Драгана Ѓорѓиевска од Гостивар за CRNOBELO.com.
Сте се запрашале ли што е она што на гостите што доаѓаат во вашиот дом веднаш им паѓа во очи, иако вие можеби не го забележувате?