Идејата на Маја Гугоска од Охрид дефинитивно ќе ве инспирира и вас. Издлабени тикви како саксии за есен, уникатно и впечатливо, зарем не?
Вложете во класични декорации наместо секоја сезона да купувате нови и најдобро заборавете на сликите и украсите со цитати и зборови.
Грешка 1: Плочки со впечатлив дезен – изгледа уникатно и тренди, но кога ќе се презаситите од нив, менувањето ќе биде скапа инвестиција.
Рѓосани метални површини, излупени цевки, купишта облека, еден тон козметика врз машината за перење – се пронајдовте?
Белите орхидеи се симбол на плодноста и креативноста, а жолтата е одлична за здравјето. Лаванда се препорачува за зајакнување на семејните односи, а бонсаито носи богатство. Кои растенија ви се потребни во домот за среќен живот, според фенг шуи?
Есента конечно пристигна. Време е за нова енергија во домот. Внесете поинакво расположение кое ќе означи нов почеток. Многу топли тонови, суви цветови, мали декоративни тикви, сушено овошје, мирис на цимет...
„Да, детската соба треба да има некоја прикладност на бои, но и тие можат да се и сина и зелена итн. Не безживотна. Сепак, тоа е вкус во ред, но и играчките да се неутрални ми е навистина несфатливо искрено бидејќи светот на децата, па и мојот го замислувам во шарени бои...“, гласи објавата на Александра Пренџова. Дали вие го осудувате или поддржувате трендот на детски соби во неутрални бои?
Просторијата ќе изгледа депресивно ако доминира сивата боја, а клупата во трпезаријата можеби изгледа добро, но не е воопшто практична.
Кога станува збор за трендот и дизајнот на внатрешното уредување во домовите, речиси секогаш следуваат полемики.
Купете нови крпи, скријте ги продуктите за чистење и заменете ги амбалажите на продуктите со убави кутии – доволни се неколку мали промени во бањата за веднаш да го освежите нејзиниот изглед.
Од уникатни вази и персонализирани саксии од бетон до декорации со цвеќе и впечатливи свеќници, како Македонците си ги красат домовите?
Го жртвувате комфорот за луксузни парчиња мебел, заборавате дека дневната треба да биде практична и купувате тепих со несоодветна големина.
Големите огледала не се само практични – тие визуелно го зголемуваат просторот, но и ќе ви дадат совршено место за фотографирање во вашите најдобри комбинации.
Станот на Игор Јосифовиќ е модерна оаза, каде доминираат растенијата. Ентериер со одлично избрани детали, кој сигурно ќе ве инспирира.
Без да потрошите цело богатство, додадете луксузна нота во домот со декорирање на елегантен послужавник за на маса со неколку фенси додатоци.
Комплетно бел ентериер – никогаш не е така совршено чисто, како на фотографиите на Инстаграм. Во првите неколку седмици кога сè е ново можеби просторот навистина ќе изгледа како парче од рајот, каде царува мирот, но за само неколку седмици впечатокот ќе биде сосема поинаков, особено ако имате деца или миленици.
Не вреди да дадете мало богатство за уникатна фотелја која нема да ја користите бидејќи не е удобна за седење.
Гарнитурата за седење е „главниот“ дел на дневната соба, па нема да погрешите ако одвоите повеќе пари од буџетот за неа.