Лесен и вкусен колач со јагоди
Колачот со јагоди и јогурт е најбрзиот и најлесниот што некогаш ќе го направите. Потребни ви се 500gr јагоди, што ќе ги распоредите во колачот и врз него, а за вкусот да биле полн и сочен, послужете го колачот со топка сладолед од ванила.

Потребни состојки:
- 500g јагоди
- 1 шолја шеќер
- ½ шолја масло
- 2 јајца
- 1 лажица кора од изрендан лимон
- 1 шолја јогурт
- 1 лажичка екстракт од ванила
- 2 ¼ шолја брашно
- 4 лажички прашок за печиво
- Прстофат сол

Начин на подготовка:
- Во длабок сад ставете ги јајцата, шеќерот, маслото, изренданата кора од лимон, јогуртот и екстрактот од ванила. Матете ги убаво заедно 1 минута.
- Кога смесата ќе се спои, додадете ги брашното, прашокот за печиво и солта, па продолжите да матите за да добиете мазна смеса.
- Истурете половина од смесата во подмачкан кала за печење.
- Врз смесата распоредете половина од јагодите, кои сте ги исекле на четвртинки.
- Одозгора ставете го преостанатото тесто.
- Врз него додајте ги останатите јагоди, пресечени на половина, рамномерно наредени по површината на тестото.
- Печете 40-50 минути на 200 степени. Ако колачот и понатаму не е готов, покријте го со хартија за печење и продолжете да печете.
- Изладете го колачот, посипете го со шеќер во прав, а потоа послужете го со топка сладолед од ванила


А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости
Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Колач со лимон и мак - Сочен и вкусен десерт, за целото семејство
Класичниот колач со мак можете да го подготвите во нова, посвежа варијанта - со ...
Летен чоколаден колач – се прави во тава, нема печење и нема шанси да не ви се погоди
Во летниот период, кога не ви се поминува многу време во кујна – само измешајте ...
Во кујна со Симона од Скопје: Божиќен колач со суво овошје
Симона од Скопје пред Божиќ подготви божиќен колач со суво овошје, а рецептот го...
Летен колач со кокос и овошје, подготвен во стилот на нашите баби
Колачот со кокос и овошје е во стилот на раванијата или колачот со вишни што го ...
Кремаст плазма колач со пудинг, јагоди и банани – брз, лесен и неодолив
Ако ви треба лесен и брз рецепт за нешто благо, кремасто и неодоливо, ова е тоа ...