Сочен викенд ручек: Свински кременадли на скара со прелив од мед
Свинските кременадли со глазура од мед можете да ги пробате за продолжени викенди, и во текот на летната сезона, кога ќе правите скара со пријателите или семејството...

Кременадлите на скара со прелив од мед и лук се подготвуваат лесно, но и многу брзо, за помалку од 40 минути.
За да добиете вкусни и крцкави парчиња месо, важно е првите 2-3 минути месото да го печете на силен оган, а потоа да продолжите да готвите на послаб оган.

На овој начин надворешноста ќе биде крцкава, а внатрешноста мека.
Забелешка: Наместо свински кременадли можете да изберете филе, ребра или друго месо по ваш вкус, но парчињата да бидат подебели.
Потребни состојки:
- 400g мед
- 60g соја сос
- 8 чешниња лук, ситно сечкани
- 1 лажичка мелен бибер
- 6 парчиња свинско филе
- Сол по вкус

Начин на подготовка:
- Во длабок сад ставете ги медот, соја сосот и лукот. Оставете ги да зовријат, па кога ќе почнат да се прават меурчиња, намалете го огнот и варете уште околу 5 минути, додека лукот не се свари.
- Тргнете го садот од оган и додадете го биберот.
- Кременадлите зачинете ги само со сол.
- Ставете ги на загреаната скара од која излегува оган и печете ги по 1 до 2 минути од секога страна за да фатат кора.
- Не додавајте ќумур во скарата и оставете да се повлече огнот, па продолжете да ги печете со постојано вртење уште околу 15 минути.
- Кога ќе бидат готови, премачкајте ги со дебел слој од глазурата од мед и лук.
- Послужете ги топли.
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Рецепт за сочен домашен ручек – печено свинско филе со компири
Сигурно се сеќавате на вкусните ручеци кај баба и мирисот од рерна додека се под...
Ручек готов за 30 минути: Печени компири со зачин и лосос со неодолив вкус
Компирите се варат и добро се зачинуваат, лососот се сечка на коцки и се меша со...
Куглоф колач со лимон - десерт што ќе ве освои од првиот залак
Овој сочен куглоф колач е комбинација од кисели и слатки вкусови, а верувајте, ќ...
Рецепт за турска бисквит торта со чоколаден прелив – се топи во уста
Најубавата и најсочната бисквит торта со бел крем, чоколаден прелив и вкус на ка...
Црнобел колач со прелив од чоколадо и лешници - десерт за сечиј вкус
За сите љубители на колачи без филови, овој црнобел колач со чоколаден прелив е ...
Посно медено срце - сочна и здрава верзија на омилениот колач
Ако сте љубител на медено срце, а периодов постите, тоа не значи дека треба да с...