Превкусна, а лесна - торта „Црна шума“ со вишни и чоколадо

Тортата „Црна шума“ (Black forest) го добила името поради идеалната комбинација од чоколадно и вишни.

prevkusna-a-lesna-torta-crna-shuma-so-vishni-i-chokolado-01.jpg

Тортата „Црна шума“ им е омилена на многумина. Некои велат дека вкусот ги потсетува на популарната „Шварцвалд“ торта.

Се подготвува секаде во светот, иако состојките во рецептот може малку да варираат зависно од регионот.

Eдноставен рецепт за оваа превкусна торта, која се подготвува брзо и лесно.

Потребни состојки:

  • 6 јајца
  • 120g шеќер
  • 200g брашно
  • 1 лажичка прашок за печиво
  • 200g чоколадо
  • 100g путер
  • 1dcl вода

prevkusna-a-lesna-torta-crna-shuma-so-vishni-i-chokolado-02_copy.jpg

За филот:

  • 200g шлаг во прав
  • 2dcl вода
  • 100g кисела павлака
  • 500g вишни
  • 100g шеќер
  • ½ dcl вода

prevkusna-a-lesna-torta-crna-shuma-so-vishni-i-chokolado-03_copy.jpg

Начин на подготовка:

  • Во сад се ставаат 200g чоколадо, 100g путер и 1dcl вода и се варат на тивок оган, додека да се растопи чоколадото и состојките да се соединат. Оставете ја смесата да се излади.  
  • Во длабок сад ставете 6 белки и матете додека да добиете густа смеса.
  • Во друг сад изматете 6 жолчки со 120g шеќер, па во смесата додајте ја изладената чоколада, брашното, прашокот за печиво и снегот од 6 белки.
  • Смесата ставете ја во калап со дијаметар од 25cm, претходно обложен со хартија за печење. Печете на 180 степени 40 минути.
  • Испечената кора добро изладете ја и хоризонтално исечете ја за да направите три кори.
  • Во длабок сад ставете ги вишните, 100g шеќер и ½ dcl вода и варете додека не се спојат убаво. Тргнете ги на страна и оставете ги вишните на цедалка да се исцедат од сокот.
  • Изматете 200g шлаг со 2dcl вода и додадете 100g павлака.
  • Тестата за торта прелијте ги со сокот од вишни.
  • Потоа, врз првото тесто наредете половина од вишните, па ставете 1/3 од филот.
  • Ставете ја втората кора, ред вишни, фил, третата кора и најгоре ставете тенок слој фил.
  • Најгоре изрендајте чоколадо и украсете ја тортата со свежи вишни.

A. J. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
Кремаста и сочна Барон торта, со многу чоколадо и малини Слаткиот вкус на чоколадо во комбинација со кисели малини ја става Барон тортата...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...
Посно гравче со спанаќ и домати - вкусен ручек што ќе го обожаваат сите Постојат две опции да го подготвите овој рецепт - првата е да го оставите гравче...
Мек колач со малини, вкус кој потсетува на детството кај баба Потсетува на колачот со вишни што ви го подготвуваа бабите, но иако не е потполн...
Вкусна пита со боровинки и лимон Без оглед дали ќе ја правите со свежи или замрзнати боровинки, оваа пита ќе има ...

Најчитани неделава