Брзи банички со спанаќ и сирење – со готови кори и без печење

Како да подготвите брзи, крцкави банички со спанаќ и со сирење за целото семејство? Веруваме дека на овој брз специјалитет од готови кори никој нема да му одолее.

brzi-banichki-so-spanakj-i-sirenje-so-gotovi-kori-i-bez-pechenje-01.jpg

Доколку и вам ви се допаѓаат бурекот и баничките со спанаќ и сирење, тогаш овој специјалитет мора да го пробате.

Нема да го поминете целиот ден во месење, сукање и печење, а ќе добиете 20 банички.

Потребни состојки:

  • 10 готови кори за пита (исечени на половина);
  • 1 јајце;
  • 150ml млеко;
  • 50ml сончогледово масло;
  • 200g свеж спанаќ;
  • 250g младо сирење;
  • 125g крем сирење;
  • Малку изронета моцарела.

Начин на подготовка:

  • Во длабок сад се ставаат јајцето, млекото и маслото и се мешаат;
  • Во друг сад се прави фил од исчистен спанаќ и трите вида сирења;
  • Секоја кора се премачкува со смесата од јајце и млеко, па потоа на средина ѝ се става од филот со спанаќ и сирење;
  • Прво се предиплува кората од едната страна, а потоа и од другата, за да се добијат два слоја кора еден над друг, па потоа се превиткуваат и краевите;
  • Секоја баничка се потпржува на нелепливо тавче од двете страни на средна температура, односно додека корите да добијат златно кафена боја.

Видео упатство:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Брза пита со готови кори - им успева и на тие што не се вешти во кујна Ако сте од оние жени (или мажи) што не се многу вешти во кујна, а сепак ви се ја...
Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Во кујна со Весна од Кичево: Домашна пита со праз и сукани кори Сукано тесто без квасец, пита што се подготвува многу лесно, по рецептот на Маке...
Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
Сочно пилешко во сос од шери домати и спанаќ Ви се јаде нешто сочно, а дома имате пилешко, но не знаете на кој начин да го по...
Вкусна пита со боровинки и лимон Без оглед дали ќе ја правите со свежи или замрзнати боровинки, оваа пита ќе има ...

Најчитани неделава