Тортиља со кашкавал во Air Fryer - Има 5 состојки, се прави за 10 минути (видео)
За да направите сочна тортиља со кашкавал во Air Fryer ќе ви требаат само 5 состојки. Ова вкусно предјадење се подготвува за само 10 минути, а се јаде топло.

Тортиљата со кашкавал се подготвува брзо, а можете да ја послужите со кечап, салца, гвакамоле сос, а вкусна е и без никаков додаток.
Потребни состојки:
- 2 тортиљи со средна големина;
- 2 лажици путер или маргарин;
- лук во прав (по вкус);
- 75-100g рендан кашкавал;
- микс од италијански зачини или сушен магдонос (по вкус).

Начин на подготовка:
- Двете тортиљи премачкајте ги со по 1 лажица путер или маргарин;
- Врз нив наросете од лукот во прав;
- Изрендајте го кашкавалот и ставете го врз тортиљата (за да ја покрие рамномерно целата површина);
- Повторете ја постапката и со втората тортиља;
- Ставете ги двете тортиљи една врз друга, па ставете ги во Air Fryer на 180 степени околу 5-6 минути;
- Пресечете ги на 4 дела и послужете ги топли.
Видео упатство:
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
3 посни рецепти без масло - вкусни јадења за божиќниот пост
Брза пита од компири и праз, мусака со печурки, чорба со зелка - овие три рецепт...
Домашни меки кифлички, со кашкавал и сланина
Овие кифлички е совршено меки и вкусни, што нема да сакате да почекате ни да се ...
Кремаста и сочна Барон торта, со многу чоколадо и малини
Слаткиот вкус на чоколадо во комбинација со кисели малини ја става Барон тортата...
Сочен семеен ручек: Ќофтиња во сос со растопен кашкавал
Ако сакате брз и вкусен, сочен ручек за цело семејство или друштво, вреди да го ...
Рецепт за турска бисквит торта со чоколаден прелив – се топи во уста
Најубавата и најсочната бисквит торта со бел крем, чоколаден прелив и вкус на ка...
Кисели пиперки со павлака - Вкусна зимница готова за 20 минути
Пиперките во павлака се едно од оние јадења кои многу семејства со задоволство г...