Мини американски палачинки со парчиња чоколадо – децата ќе ги обожаваат (видео)
Децата ги обожаваат американските палачинки. Но, ако малку го смените рецептот и додадете чоколадни парчиња во смесата, ќе добијат уште поубав вкус.

Мини американските палачинки со топчиња чоколадно се прават многу едноставно. Тајната е - кога ќе бидат готови да ги послужите со чоколаден крем (или со мед, по вкус).
Потребни состојки:
- 300g брашно
- Прстофат сол
- 50g шеќер
- 1 ќесичка прашок за печиво
- 350ml топло млеко
- 25ml масло
- 2 јајца
- Малку екстракт од ванила
- 70g чоколадни топчиња
Начин на подготовка:
- Брашното просејте го и ставете го во длабок сад.
- Додајте ги шеќерот и прашокот за печиво, па спојте ги сите суви состојки.
- Додадете го млекото, па јајцата и маслото.
- Матете со рачна маталка додека не добиете мазна смеса.
- На крајот додајте малку екстракт од ванила и чоколадните топчиња.
- Оставете ја смесата да отстои 30 минути.
- Пржете ги палачинките на загреана тава – ставајте од смесата со мала лажичка.
- Послужете ги кога малку ќе остинат, со чоколаден крем или мед (по вкус).
Видео постапка:
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Мини палачинки во форма на цвет, со јагоди и банани - децата ќе ги обожаваат
Ако сакате да им подготвите појадок на децата кој ќе го обожаваат, направете им ...
Кремаста и сочна Барон торта, со многу чоколадо и малини
Слаткиот вкус на чоколадо во комбинација со кисели малини ја става Барон тортата...
Во кујна со Катарина Ивановска - Рецепт за боранија со јунешко, манџа што ја обожаваат нејзините дец...
„Децата јадат буквално сè, а најмногу им се допаѓаат моите манџи. Мајка ми ...
Сочен колач со боровинки и бело чоколадо - десерт на кој нема да му одолеете
Овој колач со боровинки и прелив од бело чоколадо е толку вкусен, што секогаш ко...
Кремаста Киндер буено торта без печење, ќе ја обожава цело семејство
Ако ви се јаде нешто благо, уште денес можете да ја подготвите токму оваа торта ...
Посно гравче со спанаќ и домати - вкусен ручек што ќе го обожаваат сите
Постојат две опции да го подготвите овој рецепт - првата е да го оставите гравче...