Вкусен колач без печење со ресана и Кока-кола

Сакате да пробате нешто ново, а вкусно? Погледнете го видео-рецептот за колач со ресана и Кока-кола и сигурно ќе сакате да го подготвите дома...

vkusen-kolach-bez-pechenje-so-jafa-i-koka-kola-video-01.jpg

Ќе го обожавате десертот со ресана бисквити и Кока-кола, кој се прави без печење.

Вкусен е, но уште поважно – многу лесно се подготвува.

Па ако сакате да пробате нешто ново – зошто да не го направите овој колач?

Потребни состојки:

  • 500g ресана бисквити
  • 600ml Кока-кола
  • 300g крем сирење
  • 120g шеќер во прав
  • 250g шлаг пена
  • 30g нишесте
  • 30ml вода
  • 150g темно чоколадо
  • 30ml масло

vkusen-kolach-bez-pechenje-so-jafa-i-koka-kola-video-06.jpg

Начин на подготовка:

  • Во калап за торта наредете еден ред ресана бисквити.
  • Во длабок сад ставете ги крем сирењето и шеќерот во прав, па матете со елекрична маталка за да се спојат убаво. Додајте ја шлаг пената и повторно матете додека да добиете мазна смеса.
  • Половина од кремот истурете во калапот врз ресана бисквитите и убаво распоредете ја по целата површина.
  • Во длабоко тенџере на загреана рингла ставете 600ml Кока-кола.
  • Во нишестето ставете 30ml вода, па кога ќе добиете смеса без грутчиња, полека додадете ја во Кока-Колата што почнува да врие. Мешајте без престан додека да се згусне убаво за да добиете фина карамелизирана глазура.
  • Оставете ја да остине околу половина час. Кога ќе се олади, неколку лажици од глазурата ставете врз белиот крем.
  • Со дрвено стапче (или со виљушка) спојте ги двете смеси (како што е прикажано во видеото), па одозгора ставете нов слој од белиот крем. Повторно ставете неколку лажици од глазурата и спојте ги двете смеси.
  • Ставете го колачот во фрижидер и оставете го околу два часа.
  • Во посебен сад ставете 150g темно чоколадо и 30ml масло и ставете го во микробранова печка да се стопи. Спојте ги двете состојки, па прелијте го колачот. 
  • Оставете го уште еден час во фрижидер, па послужете го.

Видео постапка:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Колач со лимон и мак - Сочен и вкусен десерт, за целото семејство Класичниот колач со мак можете да го подготвите во нова, посвежа варијанта - со ...
Летен чоколаден колач – се прави во тава, нема печење и нема шанси да не ви се погоди Во летниот период, кога не ви се поминува многу време во кујна – само измешајте ...
Во кујна со Симона од Скопје: Божиќен колач со суво овошје Симона од Скопје пред Божиќ подготви божиќен колач со суво овошје, а рецептот го...
Летен колач со кокос и овошје, подготвен во стилот на нашите баби Колачот со кокос и овошје е во стилот на раванијата или колачот со вишни што го ...
Лиснато со јаболка со цимет - колачи со кои домот ќе замириса на есен Топол дом, мирис на тазе испечен колач со јаболка и цимет. Има ли нешто што толк...

Најчитани неделава