Брзи мини пици со модар патлиџан – вкусно, прсти да излижете
Наместо класичната пица со тесто, направете вкусни мини пици со модар патлиџан - вкусен рецепт што откако ќе го направите еднаш, ќе го правите постојано.

Ви се најавија гости и сакате да им подготвите нешто вкусно? Пробајте ги овие мини пици со модар патлиџан и готов болоњезе сос.
Се прават едноставно, а вкусни се, прсти да излижете!
Потребни состојки:
- 1 поголем модар патлиџан
- Сол
- Маслиново масло
- 1 тегличка готов болоњезе сос (може и сос од домати)
- Свеж босилек
- 200g рендан кашкавал
Начин на подготовка:
- Измијте го модриот патлиџан и исечете го на крукчиња дебели околу 1,5-2cm;
- Наредете ги во тава која сте ја обложиле со хартија за печење;
- Посолете ги и врз секое парче ставете по малку маслиново масло;
- Одгоре ставете по една полна лажица готов болоњезе сос и по едно свежо ливче босилек;
- Најгоре ставете по малку рендан кашкавал;
- Печете ги мини пиците околу 10 минути во загреана рерна на 180 степени;
- Послужете ги топли.
Видео постапка:
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Мини палачинки во форма на цвет, со јагоди и банани - децата ќе ги обожаваат
Ако сакате да им подготвите појадок на децата кој ќе го обожаваат, направете им ...
Потпечен модар патлиџан во доматен сос, по грчки рецепт
Почнува сезоната на модри патлиџани, а со тоа и некои од нашите омилени јадења -...
Домашен хумус од модар патлиџан, одличен за деновите кога постите
Почнаа Богородичните пости, па бидејќи е сезоната на модри патлиџани, ви нудиме ...
Рецепт за мини панцероти со сочен фил – ќе ги обожава цело семејство
Ова се највкусните мини панцероти полнети со пица фил од кои се тегне кашкавал –...
Рецепт за мини ролати со спанаќ и сирење - совршени залчиња за секоја пригода
Тешко дека некој може да му одолее на мирисот на тазе печено тесто со спанаќ и с...
Чорба со тортелини, домати и спанаќ - вкусно предјадење од кое ќе барате чинија плус
Тортелините за многумина се асоцијација за комплетен оброк. Но, ако ги искомбини...