Чорба со тортелини, домати и спанаќ - вкусно предјадење од кое ќе барате чинија плус
Тортелините за многумина се асоцијација за комплетен оброк. Но, ако ги искомбинирате со малку погуст сос од домати и спанаќ, ќе добиете вкусна кремаста чорба.

Овој рецепт е едноставен за готвење, а вкусот е толку интензивен и незаборавен, што ќе го обожавате и ќе сакате често да го подготвувате.
Ова е јадење на кое не може да му одолее никој.
А за да проверите дали е навистина така, подгответе го уште веднаш (или во следните неколку дена).
Потребни состојки:
- 5 средно големи домати
- 5 чешниња лук
- 2 лажици пире од домати
- 1 литар зеленчукова супа
- 250ml неутрална павлака
- 200g тортелини
- 1 шака сушени домати, ситно сечкани
- 30-40g беби спанаќ
- Бибер, сол, оригано по вкус
- 3 лажици маслиново масло
- Пармезан и свеж босилек за декорирање
Начин на подготовка:
- Во длабоко тенџере ставете 3 лажици маслиново масло и загрејте го на средно-тивок оган.
- Доматите исечете ги во вид на „X“ на дното и ставете ги со пресечената страна надолу во садот.
- Наредете ги како во видеото, па додадете ги чешнињата лук во средината и зачинете со сол.
- Покријте го тенџерето со капак и гответе 20-30 минути додека доматите не омекнат.
- Тргнете го садот од оган, отстранете ги лушпите од домати и фрлете ги.
- Во тенџерето ставете го пирето од домати и зеленчуковата супа, па матете со блендер за да добиете мазна смеса.
- Во сосот додадете ја неутралната павлака, и зачинете по вкус.
- Додадете ги тортелините и исечканите сушени домати во чорбата, па оставете да крчка 5-7 минути (или додека тортелините не омекнат).
- На крај додадете го беби спанаќот и оставете го да омекне.
- Ставете ја чорбата во чинии и декорирајте со пармезан и ливчиња босилек.
Видео подготовка:
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Лазањи со спанаќ и сочно пилешко - полесна верзија на ручекот што го обожавате
Ова лесно јадење брзо ќе ве засити, но нема да сакате да престанете по само едно...
Торта со пудинг, јагоди и банани - готова за 10 минути
Ако не можете да почекате тортата да се излади и стврдне за да ја пресечете на п...
Посно гравче со спанаќ и домати - вкусен ручек што ќе го обожаваат сите
Постојат две опции да го подготвите овој рецепт - првата е да го оставите гравче...
Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење
Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
Сочно пилешко во сос од шери домати и спанаќ
Ви се јаде нешто сочно, а дома имате пилешко, но не знаете на кој начин да го по...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт
За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...