Колач со путер и лимон за сите сладокусци
Едноставен, брз и вкусен - што повеќе треба за да посакате да го направите колачот со лимон и путер?

Колач од лимон и путер е секогаш добра идеја. А ако не сте го пробале досега, погледнете го овој едноставен рецепт и направете го. Вашите блиски ќе го обожаваат.
Потребни состојки:
- 160g шеќер
- 160g омекнат путер
- 1 лажица кора од лимон
- 50ml сок од лимон
- 250g брашно
- Прстофат сол
- 1/2 лажичка прашок за печиво
- 2 јајца
За глазурата:
- 90g шеќер во прав
- Кора од лимон
- 2 лажици сок од лимон
Начин на подготовка:
- Во длабок сад ставете го шеќерот, додајте ја кората од лимон и омекнатиот путер. Изматете ја смесата убаво со електрична маталка.
- Додајте ги сокот од лимон и 2-те јајца и повторно матете, додека да добиете хомогена смеса.
- На крај додадете го и брашното и спојте ја убаво смесата за да нема грутчиња.
- Ставете ја во калап кој сте го обложиле со хартија за печење. Бидејќи смесата е густа, измазнете ја со шпатула или до нож.
- Печете во загреана рерна на 180 степени 30-35 минути или додека да зарумени.
- Додека се пече колачот, подгответе ја глазурата.
- Во длабок сад спојте ги трите состојки – шеќерот во прав, сокот од лимон и кората од лимон.
- Матете ги со лажица додека да се спојат во глатка смеса.
- Прелијте го колачот со глазурата кога ќе остине, па послужете го.
Видео постапка:
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Колач со лимон и мак - Сочен и вкусен десерт, за целото семејство
Класичниот колач со мак можете да го подготвите во нова, посвежа варијанта - со ...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости
Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Летен колач со кокос и овошје, подготвен во стилот на нашите баби
Колачот со кокос и овошје е во стилот на раванијата или колачот со вишни што го ...
Рецепт за оригинална грчка бугаца - Крцкава, сочна и полна со фил од гриз
Не е класична блага пита, а е едно од омилените печива за појадок на Грците. Сте...
Во кујна со Симона од Скопје: Божиќен колач со суво овошје
Симона од Скопје пред Божиќ подготви божиќен колач со суво овошје, а рецептот го...
Летен чоколаден колач – се прави во тава, нема печење и нема шанси да не ви се погоди
Во летниот период, кога не ви се поминува многу време во кујна – само измешајте ...