Вртени кифлички со лук и путер, меки „како душа“
Тестото е меко како душа, а вкусот - фантастичен... Па, зошто уште денес да не пробате да направите вакви кифлички со путер и лук?

Рецептот за меки кифлички со лук, путер и магдонос е вистински хит на Инстаграм. Бидејќи се вртат и спојуваат, кифличките делуваат како погача. Пробајте ги, нема да се разочарате.
Потребни состојки:
- 170g кисела павлака
- 1 јајце
- 25g шеќер
- 495g брашно
- 9g сол
- 25g путер
- 40g млеко
- 5g инстант квасец
- 90g млеко
- 90g вода
- 30g брашно
Фил:
- 4 лажици путер омекнат
- 1 лажичка сол
- 1/3 шолја сечкан магдонос (или комбинација од билки што ја сакате)
- 2-3 цели главици лук

Начин на подготовка:
- Испечете го лукот. Исечете ја секоја главица на половина, премачкајте со маслиново масло и затворете ја во алуминиумска фолија. Печете 45 минути до 1 час на 200 степени за да омекне.
- Изладете го на собна температура.
- Во длабок сад спојте 90g млеко со 90g вода и 30g брашно. Матете додека да добиете мазна смеса без грутчиња, па ставете го садот на оган, на средна топлина.
- Продолжете да матите без престан, додека не добиете смеса што ќе наликува на пире од компири. Тргнете го садот од оган и оставете да се излади 5 мин.
- Во друг длабок сад ставете ги сите состојки за тестото (освен путерот) и изладената смеса. Месете за тестото убаво да се соедини. Дури потоа додадете го путерот и месете уште малку (состојките можете да ги споите и со електрична маталка наместо со рака).
- Тестото ставете го во сад, покријте го и оставете го да нарасне околу 1,5 час или додека не се удвои во големина.
- Поделете го на 9 еднакви делови и формирајте топчиња. Покријте ги топчињата и оставете да отстојат уште 10 мин.
- Во меѓувреме подмачкајте тава со димензии 23х23cm за да биде подготвена да ги наредите вртените кифлички.
- Подгответе го филот за премачкување на кифличките: соединете ги сите состојки, но ако путерот ви е премногу мек, ставете го во фрижидер да се излади малку. Путерот треба да се размачкува, но не и да се топи.
- Секое топче тесто расукајте го во овална форма. Одозгора премачкајте дел од филот, а потоа исечете го по должина, но не до крај (како што е прикажано на видеото подолу).
- Фалете ги двата краја од тестото и вртете ги, па спојте ги во вид на јазол.
- Кога ќе ја повторите постапката со сите топчиња, наредете ги во тавата за печење и оставете ги околу полоовина час да нараснат.
- Премачкајте ги вртените кифли со јајце и печете 25-30 минути или додека не поруменат, на 180-200 степени.
- Послужете ги млаки.
Видео постапка:
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Рецепт за оригинална грчка бугаца - Крцкава, сочна и полна со фил од гриз
Не е класична блага пита, а е едно од омилените печива за појадок на Грците. Сте...
Вкусна пита со боровинки и лимон
Без оглед дали ќе ја правите со свежи или замрзнати боровинки, оваа пита ќе има ...
Во кујна со Марјан од Скопје: Домашни кифлички по рецепт на неговата мајка
„Уште од мал, гледајќи ја мајка ми како меси и прави разни ‘лудории’ во нашиот о...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт
За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...
Лесна салата со кремаст сос и крцкави компири - одлична и како прилог и како главно јадење
Крцкави компири, прелив од јогурт и мајонез, со микс од неколку билки и видови з...
Лесен рецепт за совршена „aglio e olio“ паста – лук, маслиново масло и чили пиперче
Рецепт за совршена италијанска „aglio e olio“ паста, која се прави со многу масл...