Брзи пица триаголници со готово лиснато тесто
Лиснатите пица триаголници со готово тесто се совршен избор за ужинка, вечера или ако треба да подготвите нешто набрзина кога ќе ви се најават гости.

Кога последен пат јадевте нешто вкусно и лиснато, а домашно?
Пробајте го овој супер рецепт за брзи пица триаголници од готово лиснато тесто.
Потребни состојки:
- 1 кора замрзнато лиснато тесто
- Кечап или сос од домати (по потреба)
- Малку оригано
- Рендан кашкавал (по потреба)
- 6 парчиња сувомеснато (по желба)
- 1 јајце за премачкување
Начин на подготовка:
- Лиснатото тесто исечете го на половина, па поделете го на 6 еднакви коцки. Секоја коцка засечете ја дијагонално (но не до долу).
- Во едната половина (триаголник) ставете кечап, оригано, рендан кашкавал и по едно парче салама или сувомеснато, исечкано на поситни делови.
- Преклопете ги триаголниците, па со виљушка притиснете преку краевите за убаво да се спојат.
- Премачкајте ги триаголниците со изматеното јајце.
- Ставете ги да се печат во загреана рерна на 180 степени околу 12-15 минути или додека да заруменат.
- Послужете ги топли.
Видео постапка:
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Лиснато со јаболка со цимет - колачи со кои домот ќе замириса на есен
Топол дом, мирис на тазе испечен колач со јаболка и цимет. Има ли нешто што толк...
Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори
Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Домашни меки кифлички, со кашкавал и сланина
Овие кифлички е совршено меки и вкусни, што нема да сакате да почекате ни да се ...
Рецепт за крцкави пица-стапчиња, за кои не треба да месите тесто
Наскоро почнува периодот на слави, па овие пица стапчиња можете да ги подготвите...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт
За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...
Во кујна со Марјан од Скопје: Домашни кифлички по рецепт на неговата мајка
„Уште од мал, гледајќи ја мајка ми како меси и прави разни ‘лудории’ во нашиот о...