Вкусни бомбици од 2 состојки за кога немате ништо благо дома

Кога немате ништо благо дома, можете да си подготвите бомбици од само 2 состојки. Готови се за 40-тина минути и многу се вкусни.

vkusni-bombici-od-2-sostojki-za-koga-nemate-nishto-blago-doma-video-01.jpg

Прочитајте го овој рецепт за бомбици кои се прават лесно, и кои сигурно ќе посакате и вие да ги направите.

Потребни состојки:

  • 120ml кондензирано млеко
  • 60g какао (за бомбиците)
  • 20g какао за валкање

Начин на подготовка:

  • Во длабок сад ставете го кондензираното млеко, па преку цедалка додајте го какаото. На овој начин какаото ќе биде без грутчиња.
  • Измешајте ги млекото и какаото со лажица. Матете додека да добиете хомогена смеса.
  • Истурете ја смесата врз пластична фолија, убаво затворете ја и ставете ја во замрзнувач околу 30 минути.
  • Извадете ја од замрзнувачот и пресечете ја со нож на еднакви делови – од оваа смеса би требало да добиете околу 20 парчиња.
  • Секое парче направете го во форма на топче меѓу дланките, а потоа извалкајте го во какаото.
  • Колачињата можете да ги послужите со кафе.

Видео постапка:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вкусни ф’стак колачиња, од само 3 состојки - ќе сакате сами да ги изедете сите Овие колачиња од ф’стак се толку вкусни што нема да сакате да ги делите ни со се...
Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
Во кујна со Весна од Кичево: Домашна пита со праз и сукани кори Сукано тесто без квасец, пита што се подготвува многу лесно, по рецептот на Маке...
Сочно пилешко во сос од шери домати и спанаќ Ви се јаде нешто сочно, а дома имате пилешко, но не знаете на кој начин да го по...
3 посни рецепти без масло - вкусни јадења за божиќниот пост Брза пита од компири и праз, мусака со печурки, чорба со зелка - овие три рецепт...
Здрави Сникерс бомбици – се прават за 5 минути кога немате благо дома Здрави енергетски бомбици кои се експлозија од вкусови кои потсеќаат на Сникерс ...

Најчитани неделава