Вкусни тортелини со пилешко на италијански начин, готови за 30 минути

Поради спојот од вкусови – спанаќ, пилешко, домати и кашкавал, овие тортелини ќе ви станат едни од омилените.

vkusni-tortelini-so-pileshko-na-italijanski-nachin-gotovi-za-30-minuti-01.jpg

Кога сакате да подготвите брз ручек, а тоа да е вкусно, па дури и калорично, зошто не направите тортелини со пилешко на италијански начин?

Рецептот е едноставен, а ручекот ќе биде готов за половина час.

Потребни состојки:

  • 1 лажица маслиново масло
  • 2 парчиња пилешки гради
  • 1 лажица лук во прав
  • 1 лажица сув босилек
  • 1 лажица оригано
  • 1 лажица сол
  • ½ лажичка лут буковец
  • 400ml домати од конзерва
  • 1 шолја сечкан спанаќ
  • ½ шолја печени црвени пиперки
  • ½ шолја неутрална павлака за готвење или млеко
  • ½ шолја пилешка супа (од коцка)
  • 2 лажички нишесте
  • 350g тортелини
  • 1 шолја рендан кашкавал
  • 2 лажички рендан пармезан

Начин на подготовка:

  • Во тава, на среден оган, ставете го маслиновото масло и додајте ги пилешките гради, исечени на коцкички. Пржете околу 3-4 минути, додека да заруменат.
  • Во тавата додајте ги лукот, босилекот, ориганото, буковецот и посолете, па пржете со постојано мешање околу 1 минута.
  • Додајте ги доматите од конзерва, печените пиперки исечкани на ситни парчиња и неутралната павлака.
  • Нишестето спојте го со пилешката супата и кога ќе ги разбиете грутките, сипете ја смесата во тавата со пилешко.
  • На крајот додадете ги и тортелините, поклопете ја тавата со капак и оставете да се варат. Кога ќе почнат да се прават меурчиња, намалете го огнот. Повремено мешајте, но варете го додека тортелините да бидат готови.
  • Една минутка пред да биде готово, додадете ги спанаќот, кашкавалот и пармезанот.
  • Послужете ги додека се топли.

Видео постапка:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вкусни ф’стак колачиња, од само 3 состојки - ќе сакате сами да ги изедете сите Овие колачиња од ф’стак се толку вкусни што нема да сакате да ги делите ни со се...
Кисели пиперки со павлака - Вкусна зимница готова за 20 минути Пиперките во павлака се едно од оние јадења кои многу семејства со задоволство г...
Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Брза пита со готови кори - им успева и на тие што не се вешти во кујна Ако сте од оние жени (или мажи) што не се многу вешти во кујна, а сепак ви се ја...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
3 посни рецепти без масло - вкусни јадења за божиќниот пост Брза пита од компири и праз, мусака со печурки, чорба со зелка - овие три рецепт...

Најчитани неделава