Брзо пилешко гиро од Air Fryer – готово за 30-тина минути
Како да подготвите вкусно гиро во домашни услови? Потребни ви се неколку состојки што можете да ги купите и готови, како и апарат за готвење на топол воздух.

Ако сте од оние што во секое време се расположени за вкусно гиро, тогаш овој рецепт сигурно ќе ви се допадне, затоа што ќе можете дома сами да си подготвите брз оброк што веднаш ќе ве потсети на патувањата во Грција.
Потребни состојки:
- 300g пилешки гради;
- Неколку мали лажички чили сос;
- Малку сок од лимон;
- 1 голема лажица (лути) зачини по вкус;
- 1 голема лажица црвен пипер;
- 1 мала лажичка сол;
- ½ мала лажичка црн бибер;
- 2 компира (излупени и исечкани за помфрит);
- Цацики сос (направен со грчки јогурт, рендана краставичка, сок од лимон, лук, сол и црн бибер или купете готов од маркет);
- Лепче за гиро или тортиља;
- Домати и зелена салата (по желба).
Начин на подготовка:
- Во длабок сад се става пилешкото месо, па му се додава чили сос, сок од лимон, црвен пипер, (лути) зачини, црн бибер и сол;
- Месото се меша во состојките и се остава да отстои во ладилник неколку часа;
- Апаратот за готвење на топол воздух се загрева на 200 степени Целзиусови, а во него се печат месото и компирчињата околу 15 минути;
- Во лепче за гиро се става малку цацики сос, домати и зелена салата (ако сакате), пилешко месо и печени компирчиња.
Видео упатство:
Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Сочно пилешко во сос од шери домати и спанаќ
Ви се јаде нешто сочно, а дома имате пилешко, но не знаете на кој начин да го по...
Ручек готов за 30 минути: Печени компири со зачин и лосос со неодолив вкус
Компирите се варат и добро се зачинуваат, лососот се сечка на коцки и се меша со...
Колач со лимон и мак - Сочен и вкусен десерт, за целото семејство
Класичниот колач со мак можете да го подготвите во нова, посвежа варијанта - со ...
Рецепт за оригинална грчка бугаца - Крцкава, сочна и полна со фил од гриз
Не е класична блага пита, а е едно од омилените печива за појадок на Грците. Сте...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт
За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...
Вкусна пита со боровинки и лимон
Без оглед дали ќе ја правите со свежи или замрзнати боровинки, оваа пита ќе има ...