Орео колач во микробранова, готов за 5 минути

Вкусен чоколаден колач со Орео кој се топи во устата и се подготува во микробранова печка, за само 5 минути... Дали би го пробале?

oreo-kolach-vo-mikro-gotov-za-5-minuti-01.jpg

На летните горештини не ви се вклучува рерна, а сепак ви се јаде нешто слатко. Можеби ќе ве инспирираме со овој вкусен десерт од Орео колачиња, кој се прави во микробранова печка, за само 5 минути.

Пробајте го, сигурно ќе ви се допадне. 

Потребни состојки:

  • 1 пакување Орео колачиња (од 150g)
  • 150ml млеко
  • 1 лажица брашно
  • 1/2 лажичка прашок за печиво
  • 100g чоколадо (за прелив) + малку млеко

Начин на подготовка:

  • Во длабок сад ставете ги Орео колачињата и потопете ги во млекото. Дробете ги со виљушка за да добиете изедначена, мазна смеса.
  • Во смесата додајте ги брашното и прашокот за печиво, па повторно мешајте додека да добиете хомогена смеса.
  • Истурете го тестото во огноотпорен сад, па садот ставете го во микробранова печка (на најголема јачина) и печете 4-5 минути. Ако е течно во средината, продолжете да го печете уште 30 секунди.
  • Во меѓувреме растопете го чоколадото со малку млеко, па прелијте го колачот.
  • За декорација можете да ставите крцкави чоколадни трошки од едно Орео колаче искршено на ситни парчиња.

Видео постапка:

А. Ј. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

Колач со лимон и мак - Сочен и вкусен десерт, за целото семејство Класичниот колач со мак можете да го подготвите во нова, посвежа варијанта - со ...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
3 посни рецепти без масло - вкусни јадења за божиќниот пост Брза пита од компири и праз, мусака со печурки, чорба со зелка - овие три рецепт...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...
Летен чоколаден колач – се прави во тава, нема печење и нема шанси да не ви се погоди Во летниот период, кога не ви се поминува многу време во кујна – само измешајте ...

Најчитани неделава