Рецепт за домашен сладолед со Орео колачиња - ќе барате уште една порција

Да! Домашниот сладолед може да биде повкусен од купениот! Само треба да знаете како да го направите.

recept-za-domashen-sladoled-so-oreo-kolachinja-kje-barate-ushte-edna-porcija-01.jpg

Домашниот сладолед е веројатно највкусниот начин за разладување во топлите летни денови.

Плус, правењето домашен сладолед ви овозможува да изберете свои состојки и вкусови, правејќи го сладоледот одлично задоволство по ваш вкус. Денес ние одбравме неколку состојки за вас, но сигурни сме дека ќе уживате во ова домашно задоволство.

И задолжително споделете го со вашите драги луѓе!

Потребни состојки:

  • Орео колачиња;
  • Кондензирано млеко;
  • Шлаг пена.

Начин на подготовка:

  • Скршете ги колачињата на ситни делови;
  • Во посебен сад измешајте кондензирано млеко и шлаг додека не добиете густа смеса. Потоа додадете ги колачињата;
  • Смесата поделете ја во саканите садови или украсни чаши и ставете ја во замрзнувач најмалку 6 часа.
  • Потоа можете да уживате!

recept-za-domashen-sladoled-so-oreo-biskviti-02_copy.jpg

M. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Домашен хумус од модар патлиџан, одличен за деновите кога постите Почнаа Богородичните пости, па бидејќи е сезоната на модри патлиџани, ви нудиме ...
Домашен ручек за почетници: Рецепт за ориз и пилешки копани во рерна Ако не сте вешти во кујна, а сакате домашен ручек, овој рецепт ќе ви заврши рабо...
Домашен мармалад од кајсии, по рецепт на мајка ми – направивме 5 тегли во еден ден, во стан Кога бевме помали, баба ми го правеше најубавиот мармалад од кајсии, а сега мајк...
Домашен крцкав бурек во тавче - се прави со растурени кори, полнет со сочен фил Ако ви се јаде бурек, а дома имате готови кори за пита, можете сами да си ја под...
Брза торта со бело чоколадо и бисквити, без печење - ќе барате парче плус Оваа торта од 6 состојки се подготвува за само 10 минути. А кога глазурата од чо...
Рецепт за банана леб - колач од презреани банани кој се топи во уста Дали и вам бананите дома ви потемнуваат брзо, па сакате да ги фрлите? Наместо да...

Најчитани неделава