Брза пица од тортиљи за ненајавени гости – готово мезе за 5 минути

Ако имате тортиљи и основни состојки за пица, можете за 5 минути да подготвите вкусно мезе, без месење и печење. Дали некогаш сте помислиле дека можете да направите ваков специјалитет?

brza-pica-od-tortilji-za-nenajaveni-gosti-gotovo-meze-za-5-minuti-01.jpg

Пицата е омилено јадење за сите генерации, а наместо да месите тесто или да купувате готови теста за пица можете да искористите тортиљи.

Ќе добиете брзо мезе, идеално за вечерите кога сакате да се опуштите со вашата омилена ТВ серија или имате ненајавени гости.

Потребни состојки:

  • 2 тортиљи (од пченично брашно);
  • 8 парчиња кашкавал;
  • Неколку парчиња шунка (исечени тенко);
  • Оригано по вкус;
  • Доматен сос (или кечап).

Начин на подоготвка:

  • На нелепливо тавче се става една тортиља и врз него се ставаат 4 парчиња кашкавал, па се прекриваат со уште едно парче тортиља;
  • Второто парче тортиља се премачкува со малку доматен сос или кечап, се ставаат неколку парчиња шунка и кашкавал и на крај се додава оригано по вкус;
  • Тавчето се затвора со капак и се пече 5 минути на тивок оган на рингла, а потоа се остава на страна уште неколку минути затворена додека да се стопи кашкавалот.

Видео упатство:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 посни рецепти без масло - вкусни јадења за божиќниот пост Брза пита од компири и праз, мусака со печурки, чорба со зелка - овие три рецепт...
Рецепт за крцкави пица-стапчиња, за кои не треба да месите тесто Наскоро почнува периодот на слави, па овие пица стапчиња можете да ги подготвите...
Домашни меки кифлички, со кашкавал и сланина Овие кифлички е совршено меки и вкусни, што нема да сакате да почекате ни да се ...
Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
Сочно пилешко во сос од шери домати и спанаќ Ви се јаде нешто сочно, а дома имате пилешко, но не знаете на кој начин да го по...
Вкусна пита со боровинки и лимон Без оглед дали ќе ја правите со свежи или замрзнати боровинки, оваа пита ќе има ...

Најчитани неделава