Салата што заменува оброк, идеална за летните денови
Брз рецепт за салата со модар патлиџан и домати која ќе ви замени оброк е вистински хит ова лето. Дали би ја пробале?

Среде лето сигурно не сакате „тешки“ јадења кои се подготвуваат долго време, но и јадења од кои потоа ќе ви биде мачно на стомакот. Затоа ви препорачуваме салата со модар патлиџан која се прави лесно и брзо, а која заменува оброк.
Потребни состојки:
- 3 модри патлиџани (не многу големи)
- Малку маслиново масло
- 1 среден домат
- 50g мелени ореви
- 3-4 лажици грчки јогурт (или павлака)
- 1-2 чешниња лук
- Китка магдонос (или по вкус)
- Сол по вкус
- 1 лажичка мелен хмељ
Начин на подготовка:
- Измијте го модриот патлиџан, исечкајте го на тркалца и пржете го на маслиново масло додека да порумени.
- Испржените парчиња модар патлиџан ставете ги врз хартија за раце за да го впие вишокот масло, па ставете ги во длабок сад.
- Доматите исечкајте ги на коцкички. Ситно исечкајте ги и китката магдонос и лукот. Ставете ги во садот со модар патлиџан.
- Додајте ги мелените ореви, хмељот и грчкиот јогурт, па посолете по вкус.
- Убаво измешајте ги сите состојки за да добијат кремаста структура, па послужете ја салатата.
Видео постапка:
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
3 рецепти за лесни и здрави салати, идеални за летните денови
Кога не сте расположени за „тешка“ храна, а сепак сакате нешто вкусно што ќе ве ...
Сочен Цезар сендвич, со потпечено лепче, многу сос и крцкаво пилешко
Класичната Цезар салата, која им е омилена на многумина, сега може да ја јадете ...
Рецепт за најубавата пролетна крем салата – ќе се вљубите од прво залче
Кремаста и свежа истовремено, се прави со краставици и моркови излупени на ленти...
Свежа салата во форма на божиќно венче – хит на социјалните мрежи (видео)
Најлесната свежа и здрава салата, која се декорира во форма на божиќно венче - и...
Лесна салата со кремаст сос и крцкави компири - одлична и како прилог и како главно јадење
Крцкави компири, прелив од јогурт и мајонез, со микс од неколку билки и видови з...
Во кујна со Ксенија Деспотоска - Телешка чорба и домашно лепче, идеален оброк за цело семејство
„Нема ништо поубаво од неделните утра кога сите сме собрани заедно. Тие моменти ...