5 брзи идеи што да им подготвите нa децата за ужинка за во училиште

Ролнички со нутела и банана, полнет ѓеврек или макарони... Што можете да им подготвите на дечињата за ужинка?

5-brzi-idei-shto-da-im-podgotvite-na-decata-za-uzhinka-za-vo-uchilishte-01.jpg

„Што да спакувам во кутијата за ужинка?“ Ова е проблем со којшто се соочуваат голем број родители чиишто деца ја започнаа новата учебна година.

Доколку и вие од различни причини сте присилени да им подготвувате ужинка на децата за во училиште, во прилог ви даваме неколку предлози за брзи ужинки што ќе им се допаднат и на најпребиливите дечиња.

Ролнички со Нутела

Доколку вашето дете обожава да јаде блага ужинка, тогаш овој специјалитет ќе му биде меѓу омилените.

Затоплете една тортиља и премачкајте ја со нутела, па во средината ставете една излупена банана. Исечете ја тортиљата на мали крукчиња и ќе добиете идеално суши со нутела.

Додадете и ситно исечкано овошје и шишенце со вода и оброкот за вашето дете е подготвен.

5-brzi-idei-shto-da-im-podgotvite-na-decata-za-uzhinka-za-vo-uchilishte-02.jpg

Ролнички со шунка и кашкавал

Уште една брза ужинка со тортиљи, наменета за дечињата што сакаат денот да го започнат со нешто солено.

Затоплете две тортиљи и премачкајте ги со крем сирење, па во нив распоредете листови зелена салата, листови кашкавал и листови шунка.

Направете ролати и прикачете ги со чепкалки за заби, па засечете мали ролнички со ноже.

Додадете исечкан зеленчук и овошје и ужинката е подготвена.

5-brzi-idei-shto-da-im-podgotvite-na-decata-za-uzhinka-za-vo-uchilishte-03.jpg

Пица ѓевречиња

Земете едно ѓеврече и со ноже пресечете го на половина.

Премачкајте ги двете крукчиња со малку сос од домати, ставете парчиња шунка или друг сувомеснат производ по избор на вашето дете, додадете зелечнук по избор и кашкавал.

Ставете ги во рерна да се потопечат на температура од 190 степени Целзиусови, додека да се стопи кашкавалот.

Заедно со пица ѓевречињата додадете исечкано овошје и зеленчук или сок/вода.

5-brzi-idei-shto-da-im-podgotvite-na-decata-za-uzhinka-za-vo-uchilishte-05.jpg

Сендвич со ѓеврече

Доколку немате време за правење пица ѓевречиња, можете да направите ладен сендвич од него. Засечете го на половина и премачкајте го со крем сирење и додадете ги омилените додатоци на вашете дете.

За полесно јадење, можете да го поделите сендвичот на две половинки.

5-brzi-idei-shto-da-im-podgotvite-na-decata-za-uzhinka-za-vo-uchilishte-06.jpg

Макарони со кашкавал и путер

Доколку имате време, сварете една порција макарони и исцедете ја. Додека макароните сѐ уште се топли, изрендајте кашкавал, путер и сол и оригано по вкус. Измешајте и ужинката е готова.

Оброкот дополнете го со салата, овошје и десерт по ваш избор.

5-brzi-idei-shto-da-im-podgotvite-na-decata-za-uzhinka-za-vo-uchilishte-07.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лазањи со спанаќ и сочно пилешко - полесна верзија на ручекот што го обожавате Ова лесно јадење брзо ќе ве засити, но нема да сакате да престанете по само едно...
Домашни меки кифлички, со кашкавал и сланина Овие кифлички е совршено меки и вкусни, што нема да сакате да почекате ни да се ...
Торта со пудинг, јагоди и банани - готова за 10 минути Ако не можете да почекате тортата да се излади и стврдне за да ја пресечете на п...
Посно гравче со спанаќ и домати - вкусен ручек што ќе го обожаваат сите Постојат две опции да го подготвите овој рецепт - првата е да го оставите гравче...
Во кујна со Симона од Скопје: Божиќен колач со суво овошје Симона од Скопје пред Божиќ подготви божиќен колач со суво овошје, а рецептот го...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...

Најчитани неделава