Викенд ручек: Мусака ролат со мелено месо и растопен кашкавал
Како да подготвите вкусен ручек со којшто ќе ги изненадите домашните? Пробајте го овој мусака ролат, за којшто веруваме дека сите ќе ви го бараат рецептот.

Подгответе малку поинаква мусака од онаа на којашто сте навикнати. Веруваме дека пријатно ќе ги изненадите домашните со овој несекојдневен ручек.
Потребни состојки:
За кора:
- 1kg компири;
- 1,5 мала лажичка сол;
- 100g кашкавал;
- 1 голема лажица маслиново масло;
За фил:
- 30ml сончогледово масло;
- 200g кромид;
- 3 чешниња лук;
- 700g мелено месо;
- 50g доматен сос;
- 1,5 мала лажичка сол;
- 1 мала лажичка црн бибер;
- 1 мала лажичка црвен пипер (и други лути зачини по вкус);
- 30g ситно исечкан коријандер;
- 200 g кашкавал.
За сос:
- 100g мајонез;
- 20ml сок од лимон;
- Зачини по вкус (копар, црн бибер, лук во прав);
- 1 мала лажичка сол.
Начин на подготовка:
- Рерната се загрева на температура од 200 степени;
- Компирите се лупат и се мијат, па се сечат на тенки крукчиња и се посолуваат;
- Се зема обложен плех со хартија, на него се распоредува изрендан кашкавал, па се редат крукчињата од компири без да има празно место меѓу нив и се полеваат со малку маслиново масло;
- Се ставаат да се печат на температура од 200 степени околу 25 минути;
- Откако ќе се испечат, кората од компири се вади и се наросува со уште малку изрендан кашкавал;
- Во меѓувреме во тава на рингла се става малку сончогледово масло и се динста кромидот, па му се додава ситно исечкан лук и мелено месо;
- Откако ќе се пропржи месото се додава доматен сос, сол, бибер. Црвен пипер и други зачини по вкус;
- На крај му се додава свеж коријандер и се меша;
- Готовиот фил од мелено месо, се распоредува врз потпечените компири, па се наросува со рендан кашкавал и со помош на хартијата за печење се обликува ролат;
- Врз ролатот се додава уште малку изрендан кашкавал и ролатот се става во рерна на 200 степени уште 5 минути;
- Од наброените состојки се подготвува сос и парчињата ролат се сервираат со него.
Видео упатство:
Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Ролат со афион и ореви како во детството кај баба, по рецепт на нашиот Dave’s Kitchen
Дали и вас овој колач во вид на ролат со фил од афион и ореви ве потсетува на бе...
Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори
Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Сочно пилешко во сос од шери домати и спанаќ
Ви се јаде нешто сочно, а дома имате пилешко, но не знаете на кој начин да го по...
Ручек готов за 30 минути: Печени компири со зачин и лосос со неодолив вкус
Компирите се варат и добро се зачинуваат, лососот се сечка на коцки и се меша со...
Рецепт за сочен домашен ручек – печено свинско филе со компири
Сигурно се сеќавате на вкусните ручеци кај баба и мирисот од рерна додека се под...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт
За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...