Рецепт за вкусен десерт од француската кујна: Крем бруле од ванила

Како да подготвите вкусно крем бруле, што ќе биде идеален десерт за семејниот ручек или за гости?

recept-za-vkusen-desert-od-francuskata-kujna-krem-brule-od-vanila-01.jpg

Крем бруле е десерт кој на врвот треба да има стврднат карамелизиран шеќер и вообичаено се сервира малку изладен. Затоа добро е да го подготвите однапред, за да го сервирате по семејниот ручек.

Традиционално десертот е зачинет со вкус на ванила, но некои сакаат да додаваат и други вкусови или да го декорираат со овошје.

Во основа се подготвува мошне лесно, а може да биде идеален десерт за денот поминат со семејството или со гости.

Оваа верзија на рецептот е поедноставна бидејќи не вклучува карамелизиран шеќер на врвот.

Потребни состојки:

  • 500ml слатка павлака;
  • 1 лажичка екстракт од ванила;
  • 4 жолчки (од поголеми јајца);
  • ½ лажичка екстракт од ванила;
  • ¼ лажичка сол;
  • 10 големи лажици шеќер.

Начин на подготовка:

  • Рерната се загрева на температура од 160 степени Целзиусови;
  • Се земаат 6 шолји за кафе или длабоки чинии од 120ml и се распоредуваат во длабок плех;
  • Во тенџере со средна големина се мешаат слатката павлака, 4 лажици шеќер, екстракт од ванила и малку сол;
  • Ставете да се вари на средна температура, додека не почне да врие;
  • Кога кремот ќе почне да врие се трга од оган се покрива со капак и се остава да се лади околу 15-тина минути;
  • Во длабок сад се ставаат 4 жолчки и се додаваат 6 големи лажици шеќер, па се мати со миксер, додека не се добие крем;
  • Додека се матат јајцата и шеќерот, полека со лажица низ цедалка се додава по малку оладен крем во тенок млаз и се мати со маталка без престан додека кремот и јајцата не се соединат;
  • Готовата смеса се распоредува во садовите за печење, а во плехот се додава вода до една третина од висината на садовите;
  • Крем брулето се пече на температура од 160 степени Целзиусови во загреана рерна, околу 30-тина минути.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лиснати кроасани со крем од ф’стаци - По првиот залак ќе барате уште Кремот од ф’стаци последниве години се користи во многу различни рецепти, а мног...
Ручек готов за 30 минути: Печени компири со зачин и лосос со неодолив вкус Компирите се варат и добро се зачинуваат, лососот се сечка на коцки и се меша со...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Мек колач со малини, вкус кој потсетува на детството кај баба Потсетува на колачот со вишни што ви го подготвуваа бабите, но иако не е потполн...
Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
Здрав посен десерт готов за 10 минути – кога ќе кризирате за благо Додека постите, ако закризирате за нешто благо, ви требаат само три состојки за ...

Најчитани неделава