Редена еклер торта што не се пече, со фил од јаболка и ванила

Омиленото есенско овошје се јаболката, а од оваа лесна торта сите ќе бараат парче повеќе.

redena-ekler-torta-shto-ne-se-peche-so-fil-od-jabolka-i-vanila-01.jpg

Како да направите брза торта што не се пече со вкусен фил од јаболка?

Овој рецепт сигурно ќе ви стане меѓу омилените затоа што станува збор за лесен и сочен десерт што брзо ќе им се допадне на сите.

Како да го приготвите?

Потребни состојки:

За фил од јаболки:

  • 4 јаболка со средна големина (излупени и исечкани на коцкички);
  • 70g шеќер;
  • 5 големи лажици вода;
  • 2 големи лажици путер;
  • 1 лажица цимет;
  • 2 големи лажици нишесте;

За торта:

  • 1 голема лажица цимет;
  • 1 мала лажичка рендано индиско оревче;
  • 1 кутија бисквити;
  • 2 пакетчиња инстант пудинг од ванила;
  • 500ml ладно млеко;
  • 500ml слатка павлака;
  • 50g шеќер во прав;
  • 1 лажичка екстракт од ванила;
  • Сос од карамела.

Начин на подготовка:

  • Јаболката се мијат, се лупат и се сечкаат на коцкички;
  • Во тенџере се става путерот да се стопи на средна температура и му се додава цимет, па потоа се додаваат јаболката, шеќерот и водата;
  • Се покриваат и се оставаат да се варат од 4-6 минути, додека јаболката малку да омекнат;
  • Во мал подлабок сад се ставаат две лажици нишесте и 2 лажици вода и се мешаат, па смесата со мешање им се додава на јаболката;
  • Филот се остава да се вари додека јаболката да омекнат целосно, а смесата да се згусне. Откако ќе почне да прави меурчиња се вари уште една минута, па се остава да се олади;
  • Кога ќе се олади, на филот му се додава уште една лажичка цимет и индиско оревче и се меша;
  • Во друг длабок сад се става инстант пудингот, млекото и шеќерот во прав и сите состојки се мешаат со лажица;
  • Се додава слатка павлака и естракт од ванила и се мати со мискер, додека да се добие кремаста и густа смеса, околу 3-4 минути;
  • Се зема плех за печење и врз него се реди еден ред бисквити, па врз него се става половина од филот со јаболка;
  • Врз филот се реди уште еден ред бисквити, па се става еден слој од филот со ванила пудинг;
  • Постапката се повторува додека да се потрошат состојките, при што последниот слој треба да биде со бисквити;
  • На крај тортата се прелева со сос од карамела и се остава во ладилник да отстои 4-6 часа, а најдобро е доколку може да стои цела ноќ.

redena-ekler-torta-shto-ne-se-peche-so-fil-od-jabolka-i-vanila-02.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лиснато со јаболка со цимет - колачи со кои домот ќе замириса на есен Топол дом, мирис на тазе испечен колач со јаболка и цимет. Има ли нешто што толк...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...
Рецепт за компот од јаболка и крушки - Есенски деликатес за сите сетила Кога времето почнува да заладува, еден од омилените мириси на многумина е мирисо...
Куглоф колач со лимон - десерт што ќе ве освои од првиот залак Овој сочен куглоф колач е комбинација од кисели и слатки вкусови, а верувајте, ќ...
Кремаста и сочна Барон торта, со многу чоколадо и малини Слаткиот вкус на чоколадо во комбинација со кисели малини ја става Барон тортата...
Рецепт за оригинална грчка бугаца - Крцкава, сочна и полна со фил од гриз Не е класична блага пита, а е едно од омилените печива за појадок на Грците. Сте...

Најчитани неделава