Прсти да излижете: Кремасти шпагети со тиквички во сос од 2 вида сирење
Кремасти шпагети кои се топат во устата... Пробајте го овој италијански рецепт и уживајте во богатиот вкус на тиквички и сирење.

Италијанците имаат стотици рецепти за тестенини и сите се кој од кој повкусен. Овојпат прочитајте како се подготвуваат шпагети со тиквички и кремаст сос од два вида сирење.
А, ако ви се допадне рецептот, подгответе ги за ручек или кога ќе ви дојдат гости.
Потребни состојки:
- 300g шпагети
- 600g тиквички
- Свеж босилек
- 1 чешне лук
- 3 лажици реднан пармезан
- 150g крем сирење
- Маслиново масло

Начин на подготовка:
- Измијте ги и исечкајте ги тиквичките на крукчиња со приближно иста дебелина (но да се многу тенки).
- Во длабоко тенџере ставете вода со сол и масло и оставете ја да проврие, па сварете ги шпагетите според упатството на ќесичката.
- Во помало тенџере ставете маслиново масло и кога ќе се загрее, испржете ги тиквичките (да омекнат и да заруменат многу малку).
- На плитка чинија ставете кујнска хартија, а врз неа свежи листови босилек, па врз нив ставете ги испржените тиквички за да се спојат вкусовите, но и да се ослободите од вишокот масло.
- Во посебен сад ставете 3-4 лажици маслиново масло, па кога ќе се загрее, додадете го чешнето лук. Пред целосно да се сварат шпагетите, извадете ги од водата и ставете ги во тавата со масло и лук.
- Приближно 1-2 минути пред да бидат готови тестенините, во тенџерето ставете ги тиквичките и босилекот и спојте ја смесата. Наполнете 1 шолја од течноста во која се вареле шпагетите и тргнете ја на страна, па процедете ги тестенините.
- Процедените тестенини ставете ги во тавата со масло и лук, па прелијте ги со околу 2/3 од водата од тестенини што ја тргнавте на страна.
- Откако убаво ќе се спојат сите состојки, додадете 150g крем сирење, заедно со уште неколку листови свеж босилек.
- Додадете го и пармезанот, па убаво спојте ги сите состојки со благо мешање.
- Послужете го додека се топли.
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Шпагети со ракчиња во сос од домати - вкусен рецепт кој потсетува на лето и море
Имате ли навика кога одите на море, барем еднаш да седнете во рибен ресторан или...
Сочно пилешко во сос од шери домати и спанаќ
Ви се јаде нешто сочно, а дома имате пилешко, но не знаете на кој начин да го по...
Рецепт за крцкави чипс тиквички – печени во рерна со тајна состојка
Направете си го сами омиленото летно мезе, крцкави чипс тиквички од рерна – без ...
Ручек готов за 30 минути: Печени компири со зачин и лосос со неодолив вкус
Компирите се варат и добро се зачинуваат, лососот се сечка на коцки и се меша со...
Рецепт за шпагети со кремаст и сочен сос од шери домати, лук и пармезан
Ако сте љубител на паста со лесни, но кремасти и сочни сосови, ова е идеален рец...
Рецепт за крцкави тиквички како во грчка таверна - со сос од цацики
Тенки, крцкави и златни, исто како тиквичките кои ги нарачувате во традиционални...