Пикантни тестенини со путер од кикиритки и чили, готови за 10 минути

Ако сте љубител на пикантни јадења со необичен вкус, тогаш мора да ги пробате овие тестенини со путер од кикиритки и чили пиперчиња.

pikantni-testenini-so-puter-od-kikiriki-i-chili-gotovi-za-10-minuti-mora-da-gi-probate-01.jpg

Некогаш, едноставно, ви е здодеано од класичните рецепти и сакате да пробате нешто ново и поинакво.

Токму затоа ви го нудиме овој рецепт – тестенини со путер од кикиритки, кои се подготвуваат за десетина минути.

Дали би ги пробале?

Потребни состојки:

  • 1 ќесичка јуфки
  • 2-3 лажици путер од кикиритки
  • 1 лажица соја сос
  • 1 лажица маслиново масло (или масло со вкус на сусам или чили)
  • 1-2 лажички чили пиперчиња ситно сечкани
  • ½ лажичка оцет
  • 1-2 лажички шеќер
  • 2-3 лажици вода
  • 2 чешниња лук
  • Младо кромитче и сусам (по желба)

Начин на подготовка:

  • Во длабок сад со вода што врие ставете ги јуфките да се варат според упатството на ќесичката.
  • Додека тие се варат, ставете го маслиновото масло да се загрева во тава, па веднаш ставете ги двете чешниња лук кои сте ги исечкале ситно.
  • Спојте го путерот од кикиритки со соја сосот, ситно сечканите чили пиперчиња, додајте ги оцетот, шеќерот и водата и мешајте додека смесата не се спои убаво.
  • Ставете ја во лукот кој е веќе малку запржен и убаво измешајте.
  • Во смесата ставете ги сварените тестенини, кои сте ги исцедиле од водата, па спојте ги сите состојки.
  • По вкус можете да додадете малку сусам или младо кромитче.
  • Послужете ги топли. 

Видео постапка:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Рецепт за оригинална грчка бугаца - Крцкава, сочна и полна со фил од гриз Не е класична блага пита, а е едно од омилените печива за појадок на Грците. Сте...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Лесна салата со кремаст сос и крцкави компири - одлична и како прилог и како главно јадење Крцкави компири, прелив од јогурт и мајонез, со микс од неколку билки и видови з...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...
Кисели пиперки со павлака - Вкусна зимница готова за 20 минути Пиперките во павлака се едно од оние јадења кои многу семејства со задоволство г...

Најчитани неделава