Мирисот на есента: Рецепт за печени костени од Air Fryer во 6 чекори
Како да испечете превкусни костени во вашиот дом? Ако имате Air Fryer немате потреба од печење во рерна, а ќе бидете изненадени од вкусот.

Пазарите се преполни со костени, а со помош на апаратот за готвење со топол воздух (Air Fryer) овие есенски плодови можете да ги подготвите брзо и лесно и ќе бидете изненадени од нивниот вкус.
Костените се омилени есенски плодови за многумина, а откако еднаш ќе пробате да ги подготвите во Air Fryer, веќе никогаш нема да губите време на варење и печење во рерна.
Потребни состојки:
- 1kg костени;
Начин на подготовка:
- Апаратот за готвење под топол воздух се загрева на температура од 190 степени Целзиусови;
- На рингла се става едно големо тенџере со вода да зоврие, а потоа се трга од огнот;
- Костените се мијат и се ставаат на крпа да се исушат, па со ноже им се засекува X на заоблениот дел, што треба да зафаќа барем половина од костенот;
- Костените се оставаат да отстојат барем 5 минути во жешката вода, а потоа се вадат со куталача со дупки и процедени се ставаат во корпата на Апаратот за готвење под топол воздух;
- Кога ги редите внимавајте костените да бидат рамномерно распоредени и да има простор меѓу нив, а ако има потреба печете ги во повеќе наврати;
- Костените се готват околу 10 минути на температура од 190 степени. На половина од времето потребно е да се отвори кошницата и да се промешаат за да се испечат рамномерно. По потреба печете уште 5-10 минути.

Прочитајте и Сезона на костени: Како да ги подготвите и исчистите најлесно?
Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
3 посни рецепти без масло - вкусни јадења за божиќниот пост
Брза пита од компири и праз, мусака со печурки, чорба со зелка - овие три рецепт...
Летен чоколаден колач – се прави во тава, нема печење и нема шанси да не ви се погоди
Во летниот период, кога не ви се поминува многу време во кујна – само измешајте ...
Кисели пиперки со павлака - Вкусна зимница готова за 20 минути
Пиперките во павлака се едно од оние јадења кои многу семејства со задоволство г...
Летен колач со кокос и овошје, подготвен во стилот на нашите баби
Колачот со кокос и овошје е во стилот на раванијата или колачот со вишни што го ...
Здрав посен десерт готов за 10 минути – кога ќе кризирате за благо
Додека постите, ако закризирате за нешто благо, ви требаат само три состојки за ...
Здрави Сникерс бомбици – се прават за 5 минути кога немате благо дома
Здрави енергетски бомбици кои се експлозија од вкусови кои потсеќаат на Сникерс ...