Предлози за оброци без месо за цела недела - здрави се и брзо се прават
Ви претставуваме рецепти за вкусни и хранливи оброци без месо, за седум дена од неделата. Уживајте во подготовката и јадењата.

Не е проблем да се зготви, проблем е да се најде инспирација секој ден, без менито да се сведе на 4 состојки.
Доколку и вие мака мачите со овој проблем, имаме решение за вас.
Еве неколку предлози за ручек без месо за цела недела:
Ден 1: Чорба од зеленчук
Потребно ви е:
- 2 моркова
- 1 главица кромид
- 2 компира
- 1 црвена пиперка
- 1 тиквичка
- 2 домати
- 1 шолја грашок
- 4 шолји сварена супа од зеленчук
- Сол, бибер, зачини по вкус
Подготовка:
- Исечете го целиот зеленчук на помали парчиња.
- Во големо тенџере, пропржете го кромидот додека не стане проѕирен.
- Додадете ги морковите, компирите, тиквичката, доматите и грашокот.
- Истурете ја супата од зеленчук и оставете да зоврие.
- Намалете ја топлината и варете додека зеленчукот не омекне.
- Зачинете по вкус.

Ден 2: Грчка салата со киноа
Потребно ви е:
- 1 шолја киноа
- 1 помала краставица
- 500g чери домати
- 1 помала главица црвен кромид
- 1 црвена пиперка
- Маслинки
- 100g фета сирење
- Маслиново масло, сок од лимон, сол, бибер
Подготовка:
- Подгответе ја киноата според упатството на нејзиното пакување.
- Исечете го зеленчукот на коцки.
- Измешајте ја киноата со зеленчукот, додадете маслинки и фета сирење.
- Прелијте ја салатата со смесата од маслиново масло и сок од лимон.
- Зачинете по вкус.

Ден 3: Пита со спанаќ и фета сирење
Потребно ви е:
- 500g спанаќ
- 200g фета сирење
- 1 главица кромид
- 1 пакување лиснато тесто
- Маслиново масло
- Сол, бибер, зачини по вкус
Подготовка:
- Во тава пропржете го сечканиот кромид.
- Додадете измиен и исцеден спанаќ и динстајте додека не омекнке.
- Отстранете го вишокот течност од спанаќот.
- Во сад измешајте спанаќ со издробено фета сирење, додадете зачини.
- Лиснатото тесто развлечете го и ставете ја смесата со спанаќ.
- Свиткајте го тестото и печете во загреана рерна додека не порумени.

Ден 4: Зеленчук со тофу сирење
Потребно ви е:
- 250g тофу сирење
- 1/3 помала главица зелка
- 2 морковa
- 3 пиперки
- 2-3 лажици соја сос
- 2-3 лажици сусам
- 1 -2 чешниња лук
- Зачини
Подготовка:
- Тофуто исечкајте го на коцки и пропржете го на малку масло додека не стане крцкаво.
- Додадете го сечканиот зеленчук и продолжете со пржење.
- Додадете соја сос, сусам, лук и други зачини.
- Гответе додека зеленчукот не омекне, но да ја задржи крцкавоста.

Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:
Лазањи со спанаќ и сочно пилешко - полесна верзија на ручекот што го обожавате
Ова лесно јадење брзо ќе ве засити, но нема да сакате да престанете по само едно...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости
Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење
Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
Сочно пилешко во сос од шери домати и спанаќ
Ви се јаде нешто сочно, а дома имате пилешко, но не знаете на кој начин да го по...
Рецепт за мини ролати со спанаќ и сирење - совршени залчиња за секоја пригода
Тешко дека некој може да му одолее на мирисот на тазе печено тесто со спанаќ и с...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави
Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...