Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Предлози за оброци без месо за цела недела - здрави се и брзо се прават

Ви претставуваме рецепти за вкусни и хранливи оброци без месо, за седум дена од неделата. Уживајте во подготовката и јадењата.

predlozi-za-obroci-bez-meso-za-cela-nedela-zdravi-se-i-brzo-se-pravat-01.jpg

Не е проблем да се зготви, проблем е да се најде инспирација секој ден, без менито да се сведе на 4 состојки.

Доколку и вие мака мачите со овој проблем, имаме решение за вас.

Еве неколку предлози за ручек без месо за цела недела:

Ден 1: Чорба од зеленчук

Потребно ви е:

  • 2 моркова
  • 1 главица кромид
  • 2 компира
  • 1 црвена пиперка
  • 1 тиквичка
  • 2 домати
  • 1 шолја грашок
  • 4 шолји сварена супа од зеленчук
  • Сол, бибер, зачини по вкус

Подготовка:

  • Исечете го целиот зеленчук на помали парчиња.
  • Во големо тенџере, пропржете го кромидот додека не стане проѕирен.
  • Додадете ги морковите, компирите, тиквичката, доматите и грашокот.
  • Истурете ја супата од зеленчук и оставете да зоврие.
  • Намалете ја топлината и варете додека зеленчукот не омекне.
  • Зачинете по вкус.

predlozi-za-obroci-bez-meso-za-cela-nedela-zdravi-se-i-brzo-se-pravat-02.jpg

Ден 2: Грчка салата со киноа

Потребно ви е:

  • 1 шолја киноа
  • 1 помала краставица
  • 500g чери домати
  • 1 помала главица црвен кромид
  • 1 црвена пиперка
  • Маслинки
  • 100g фета сирење
  • Маслиново масло, сок од лимон, сол, бибер

Подготовка:

  • Подгответе ја киноата според упатството на нејзиното пакување.
  • Исечете го зеленчукот на коцки.
  • Измешајте ја киноата со зеленчукот, додадете маслинки и фета сирење.
  • Прелијте ја салатата со смесата од маслиново масло и сок од лимон.
  • Зачинете по вкус.

predlozi-za-obroci-bez-meso-za-cela-nedela-zdravi-se-i-brzo-se-pravat-03.jpg

Ден 3: Пита со спанаќ и фета сирење

Потребно ви е:

  • 500g спанаќ
  • 200g фета сирење
  • 1 главица кромид
  • 1 пакување лиснато тесто
  • Маслиново масло
  • Сол, бибер, зачини по вкус

Подготовка:

  • Во тава пропржете го сечканиот кромид.
  • Додадете измиен и исцеден спанаќ и динстајте додека не омекнке.
  • Отстранете го вишокот течност од спанаќот.
  • Во сад измешајте спанаќ со издробено фета сирење, додадете зачини.
  • Лиснатото тесто развлечете го и ставете ја смесата со спанаќ.
  • Свиткајте го тестото и печете во загреана рерна додека не порумени.

predlozi-za-obroci-bez-meso-za-cela-nedela-zdravi-se-i-brzo-se-pravat-04.jpg

Ден 4: Зеленчук со тофу сирење

Потребно ви е:

  • 250g тофу сирење
  • 1/3 помала главица зелка
  • 2 морковa
  • 3 пиперки
  • 2-3 лажици соја сос
  • 2-3 лажици сусам
  • 1 -2 чешниња лук
  • Зачини

Подготовка:

  • Тофуто исечкајте го на коцки и пропржете го на малку масло додека не стане крцкаво.
  • Додадете го сечканиот зеленчук и продолжете со пржење.
  • Додадете соја сос, сусам, лук и други зачини.
  • Гответе додека зеленчукот не омекне, но да ја задржи крцкавоста.

predlozi-za-obroci-bez-meso-za-cela-nedela-zdravi-se-i-brzo-se-pravat-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Ролат со спанаќ и пршута - ќе барате парче плус Ролатот со спанаќ има неколку различни варијанти, а ние овој пат го споделуваме ...
Мрсна торта со вкус на тиква – домот ќе ви мириса како кај баба на гости Традиционалните мрсни торти секогаш ни будат доза носталгија од деновите поминат...
Брз летен ручек: Полнети пиперки со фета сирење и сланина Сте пробале ли полнети пиперки со сирење и сланина? Ако не, ова ќе ви стане омил...
Брзи цвет банички со спанаќ и сирење Ако размислувате што вкусно и солено да подготвите викендов, можете да го пробат...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
Протеински појадок за енергетски почеток на денот Омлет со неколку видови зеленчук и фета сирење е одличен избор за да го почнете ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg