Предлози за оброци без месо за цела недела - здрави се и брзо се прават
Ден 5: Сендвичи со печени тиквички
Потребно ви е:
- 1 тиквичка
- Леб
- Песто сос
- Рукола
- Маслиново масло, сол, бибер
Подготовка:
- Тиквичките исечкајте ги на тенки кришки и премачкајте ги со маслиново масло, сол и бибер.
- Печете ги во рерна додека не поруменат.
- Врз лебот намачкајте го пестото, додајте ги печените тиквички и листовите од рукола.
Ден 6: Рижото со печурки
Потребно ви е:
- 350g ориз
- 1l вода
- 200g печурки (шампињони или буковки)
- 1/2 главица кромид
- 1,5dl вино
- 50g путер
- 100g пармезан
- Зачини
Подготовка:
- На путер пропржете го кромидот додека не стане проѕирен.
- Додадете ги сечканите печурки и пржете додека не омекнат.
- Додадете го оризот и мешајте додека не стане проѕирен.
- Додадете малку вино и оставете го да испари.
- Постепено додавајте ја водата со постојано мешање додека не се свари оризот.
- Тргнете го од оган, додадете пармезан и зачинете по вкус.
Ден 7: Салата со леќа и авокадо
Потребно ви е:
-->
-->
- 200g леќа
- 1 авокадо
- 1/2 главица црвен кромид
- Магдонос
- Сок од лимон, маслиново масло, сол, бибер
Подготовка:
-->
- Сварената леќа измешајте ја со исечканото авокадо, црвениот кромид и магдоносот.
- Прелијте ја салатата со смесата од сок од лимон и маслиново масло.
- Зачинете по вкус.
С. Ш. | Црнобело / фото: freepik.com, pexels.com
-->
Би можело да ве интересира:

Ролат со спанаќ и пршута - ќе барате парче плус
Ролатот со спанаќ има неколку различни варијанти, а ние овој пат го споделуваме ...

Мрсна торта со вкус на тиква – домот ќе ви мириса како кај баба на гости
Традиционалните мрсни торти секогаш ни будат доза носталгија од деновите поминат...

Брз летен ручек: Полнети пиперки со фета сирење и сланина
Сте пробале ли полнети пиперки со сирење и сланина? Ако не, ова ќе ви стане омил...

Брзи цвет банички со спанаќ и сирење
Ако размислувате што вкусно и солено да подготвите викендов, можете да го пробат...

Рецепт за крофни со шеќер како на плажа
Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...

Протеински појадок за енергетски почеток на денот
Омлет со неколку видови зеленчук и фета сирење е одличен избор за да го почнете ...