Пита со тиква и суво грозје од готови кори – Есенски десерт за целото семејство
Подгответе идеален есенски десерт со состојки што се карактеристични за нашето поднебје. Никој нема да остане рамнодушен на оваа вкусна пита, која се подготвува мошне лесно.

Тиква, ореви и суво грозје... Звучи како одлична комбинација, нели?
Сигурно оваа лесна пита ќе ве освои, затоа што нема потреба да бидете многу вешти за да ја подготвите, а се прави брзо, од готови кори.
Потребни состојки:
За кора:
- 6 кори за пита;
- 120ml масло;
За фил:
- 1,5kg тиква (изрендана со ренде);
- 60ml масло;
- 300g суво грозје;
- 300g исечкани ореви;
- 100g потпечен сусам;
- 2 големи лажици лебни трошки или гриз;
- 4 лажици шеќер;
- 2 големи лажици цимет;
- 2 прстофати рендано индиско оревче;
- малку каранфилче
Начин на подготовка:
- Во длабока тава се става маслиновото масло за филот и се става изренданата тиква да се пропржи; Тиквата се пржи 10-тина минути со постојано мешање, додека да омекне, па потоа се остава да се олади малку;
- Во тиквата се додаваат шеќерот, сувото грозје, индиското оревче, сусамот, лебните трошки, циметот оревите и каранфилчињата и сите состојки се мешаат;
- Рерната се загрева на 180 степени Целзиусови;
- Се зема плех за печење и се попрскува со малку масло за јадење;
- Се зема една кора и се попрскува со малку масло. Врз неа стуткани се распоредуваат уште 3 готови кори, а меѓу секоја се попрскува малку масло за јадење;
- Се распоредува готовиот фил од тиква врз корите;
- Питата се прекрива со преостанатите две кори, така што секоја од нив се премачкува со масло. Питата се засекува со нож на парчиња и се попрскува со преостанатото масло и со малку вода;
- Се става да се пече во загреана рерна на температура од 180 степени Целзиусови, околу 50 минути или додека да добие златно кафеава боја;
- Откако ќе се олади може да ја декорирате со цимет или со шеќер во прав.

Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Брза пита со готови кори - им успева и на тие што не се вешти во кујна
Ако сте од оние жени (или мажи) што не се многу вешти во кујна, а сепак ви се ја...
Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори
Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Во кујна со Весна од Кичево: Домашна пита со праз и сукани кори
Сукано тесто без квасец, пита што се подготвува многу лесно, по рецептот на Маке...
Вкусна пита со боровинки и лимон
Без оглед дали ќе ја правите со свежи или замрзнати боровинки, оваа пита ќе има ...
Во кујна со Симона од Скопје: Божиќен колач со суво овошје
Симона од Скопје пред Божиќ подготви божиќен колач со суво овошје, а рецептот го...
Домашен крцкав бурек во тавче - се прави со растурени кори, полнет со сочен фил
Ако ви се јаде бурек, а дома имате готови кори за пита, можете сами да си ја под...