Викенд ручек: Сочни шпагети со грчки ќофтиња, во црвен сос
Овој превкусен рецепт е комбинација од италијанската и грчката кујна... Дали би го пробале уште денес?

Подгответе вкусен ручек инспириран од грчката кујна (домашни ќофтиња од свинско и телешко месо) во комбинација со италијанската кујна (шпагети).
Сочно, прсти да излижеш.
Потребни состојки:
За ќофтињата:
- 400g говедско мелено месо
- 300g свинско мелено месо
- 1 црвен кромид, иситнет во блендер
- 3 чешниња лук иситнети во блендер
- 1 јајце
- 1 лажица свеж магдонос, ситно сечкан
- 1 свежо нане, ситно сечкано
- 150g бајат леб, натопен во млеко и исцеден
- 1 лажица црвен вински оцет
- сол по вкус
За сосот од домати:
- 1 кромид, ситно исечкан
- 2 чешниња лук, рендани
- 1 лажица доматно пире
- 800g ситно сечкани домати
- 200ml црвено вино
- 2 лажички мелен ким
- 2 лажички шеќер
- 1 ловоров лист
- сол и бибер по вкус
Начин на подготовка:
- Соединете ги сите состојки за ќофтињата и оставете ја смесата да отстои во фрижидер еден час, а дури потоа обликувајте ги.
- На маслиново масло пропржете ги кромидот и лукот додека не омекнат и замирисаат. Додајте го доматното пире и варете 1-2 минути, а потоа додајте го црвеното вино.
- Во смесата додајте ги доматите, кимот, шеќерот, солта и ловоровиот лист, па оставете да се крчка на тивок оган 20-30 минути (или додека не се згусне).
- Обликуваните ќофтињата ставете ги на плех подмачкан со масло.
- Печете ги во рерна на 200 степени околу 20 минути. Кога ќе се испечат, ставете ги во сосот.
- Во меѓувреме, сварете ги шпагетите според упатството на ќесичката.
- Не ја истурајте целата вода од шпагетите, туку кога ќе ги споите тестенините и сосот со ќофтиња, додајте малку вода.
- Мешајте внимателно за да не се распаднат ќофтињата. Послужете ги топли.
Видео постапка:
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Шпагети со ракчиња во сос од домати - вкусен рецепт кој потсетува на лето и море
Имате ли навика кога одите на море, барем еднаш да седнете во рибен ресторан или...
Сочно пилешко во сос од шери домати и спанаќ
Ви се јаде нешто сочно, а дома имате пилешко, но не знаете на кој начин да го по...
Рецепт за крцкави тиквички како во грчка таверна - со сос од цацики
Тенки, крцкави и златни, исто како тиквичките кои ги нарачувате во традиционални...
Сочен семеен ручек: Ќофтиња во сос со растопен кашкавал
Ако сакате брз и вкусен, сочен ручек за цело семејство или друштво, вреди да го ...
Ручек готов за 30 минути: Печени компири со зачин и лосос со неодолив вкус
Компирите се варат и добро се зачинуваат, лососот се сечка на коцки и се меша со...
Вкусни ф’стак колачиња, од само 3 состојки - ќе сакате сами да ги изедете сите
Овие колачиња од ф’стак се толку вкусни што нема да сакате да ги делите ни со се...