5 предлог посни рецепти за деновите кога не знаете што да јадете

Рижото со зеленчук

Потребни состојки:

  • 2 страка праз;
  • 1 кромид (ситно исечкан);
  • 1 мал морков (изрендан);
  • 500g ориз;
  • 1.250ml жешка вода;
  • Сок од 1 лимон;
  • Сол и бибер по вкус.

Начин на подготовка:

  • Празот се сечка на ситни парченца;
  • Во тенџере се става празот да се загрее на средна температура, па се додава околу 50ml вода и се динста додека да омекне;
  • Се додава и кромидот и се остава да се динста;
  • Се додава претходно измиениот ориз и се меша со другите состојки;
  • Се додава врелата вода;
  • Кога ќе почне да врие, се додава морковот и температурата на ринглата се намалува;
  • Тенџерето се прекрива делумно и се остава да се крчка на тивок оган околу 17 минути;
  • На крај се додава сол и бибер по вкус и сок од лимон;
  • Оризот се меша и се трга од оган;
  • Тенџерето се остава да отстои покриено околу 10-тина минути, за оризот да ја впие целата течност.

5-predlog-posni-recepti-za-denovite-koga-ne-znaete-shto-da-jadete-04.jpg

Салата со грав

Потребни состојки:

  • 500g грав (сварен);
  • 100ml масло за јадење;
  • 50ml вински оцет;
  • 2 млади кромитчиња;
  • 1 голем кромид (исечкан на кругови);
  • 2 црвени кисели пиперки (исечкани на парчиња);
  • Неколку гранчиња магдонос (ситно исечкани)
  • Сол и бибер по вкус.

Начин на подготовка:

  • Сварените зрнца грав се ставаат во длабок сад за салата и им се додаваат исечкани кромитчиња и црвени пиперки;
  • Се додаваат и круговите од стариот кромид и се мешаат сите состојки;
  • Во друг сад се мешаат маслото и оцетот и се додаваат околу 2 мали лажички сол и малку бибер, па од сите состојки се прави прелив за салатата;
  • Салатата се прелева со готовиот прелив, се меша и на крај се додава исечкан магдонос.

5-predlog-posni-recepti-za-denovite-koga-ne-znaete-shto-da-jadete-05.jpg 

Посна пита со ориз и блитва

Потребни состојки:

  • 500g кори за пита;
  • 50g ориз;
  • 100g печурки (свежи);
  • 100g свеж блитва (или спанаќ);
  • Малку лута пиперка (по желба);
  • 1 мала лажичка сол;
  • Малку бибер.

Начин на подготовка:

  • Рерната се загрева на 200 степени Целзиусови;
  • Блитвата се чисти и се вари во еден филџан вода околу 5 минути;
  • Се додаваат оризот и уште два филџана вода и се вари околу 15 минути;
  • Печурките се посолуваат и се печат на скара или во рерна околу 10-тина минути, или додека да омекнат;
  • По ова печурките се сечкаат на коцкички и се додаваат во сварениот ориз, па сите состојки се мешаат, а кој сака може да додаде и луто пиперче;
  • Се зема една кора за пита, се става во плех и се попрскува со малку вода, па врз неа се става малку фил;
  • Се прекрива со друга кора, па со малку фил и постапката се повторува сѐ додека не се потрошат сите состојки, а на крај питата треба да биде прекриена со кора;
  • Питата се пече 20-тина минути на температура од 200 степени Целзиусови или додека да добие златно кафеава боја.

5-predlog-posni-recepti-za-denovite-koga-ne-znaete-shto-da-jadete-06_copy.jpg

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Вкусен колач без печење со ресана и Кока-кола Сакате да пробате нешто ново, а вкусно? Погледнете го видео-рецептот за колач со...
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути) Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
3 рецепти за деновите кога постите без масло Шпагети со лук и сусам, вкусен ориз со лозови листови или киноа... Што можете да...
2 рецепта за посното мени на Свети Никола што може да ги подготвите и во последен миг Рибата можете да ја испечете во Air Fryer, а во компир салатата да додадете и ма...
Рецепт за турски ѓевречиња меки како душа Овие турски ѓевречиња уште се познати и како ачми, а може да ги подготвите и со ...
Викенд ручек: Мусака ролат со мелено месо и растопен кашкавал Како да подготвите вкусен ручек со којшто ќе ги изненадите домашните? Пробајте г...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg