5 предлог посни рецепти за деновите кога не знаете што да јадете

Пет рецепти без масло и со масло за деновите додека трае постот. Што можете да подготвите во деновите кога навистина веќе не знаете што да јадете...

5-predlog-posni-recepti-za-denovite-koga-ne-znaete-shto-da-jadete-01.jpg

Започна божиќниот пост. Православните христијани 40 дена пред прославувањето нa празникот Рожденство Христово ќе ги поминат во прочистување со покајание, молитва и пост за да можат со чисти срца, душа и тело да го дочекаат големиот христијански празник.

Освен што се воздржуваат од лоши мисли и однесување, православните христијани треба особено да внимаваат и на исхраната, а според правилата на црквата во овој период треба да се избегнуваат месото, путерот, млекото, јајцата и сирењето.

Според правилата, во понеделник, среда и петок не се јаде риба и храната треба да биде подготвена без масло.

Во останатите денови, вторник, четврток, сабота и недела, може да се јаде храна со растително масло.

Исто така, за време на викендите е дозволено да се јаде риба, а исто и во деновите кога има поголеми празници, каков што е празникот „Воведение во храмот на Пресвета Богородица“.

Постот се засилува во последните денови, па така од 2-ри до 6-ти јануари, рибата не се јаде ниту во сабота и недела.

Во овој период може да се јаде храна со мешунки, зеленчук, леб, овошје, мед, јаткасти плодови, ориз, тестенини (без јајца), житарки и одредени денови риба.

Пет посни рецепти за деновите кога немате идеја што да јадете:

Посни тестенини без масло

Потребни состојки:

  • 250g посни шпагети;
  • 150g млад спанаќ (или блитва);
  • 100g печурки (шампињони);
  • 2 чешниња лук (ситно исечкан);
  • 50ml сос од домати;
  • Сол и бибер по вкус;
  • Суво оригано;
  • Потпечен сусам;
  • 1 лажица таан;
  • 1 лажица соја сос (посен).

Начин на подготовка:

  • Шпагетите се варат според упатството на амбалажата;
  • Листовите спанаќ се чистат и се мијат, па се ставаат во тенџере и се прелеваат во врела вода, да отстојат 2-3 минути и да омекнат;
  • Спанаќот се процедува и се сечка на ленти;
  • Печурките и лукот се сечкаат ситно и се оставаат настрана;
  • Во подлабоко тавче се става малку таан да се загрее и му се додава лажица вода за да не се залепи;
  • Во таанот се динстуваат печурките и лукот, па се додава и спанаќот;
  • Се додаваат сол, бибер, оригано, соја сос, доматен сос и сусам и се меша за сите состојки да се соединат, па се остава да се провари околу 2-3 минути;
  • Сварените шпагети се процедуваат и им се додава готовиот сос, а по минута-две може да се послужат. 

 5-predlog-posni-recepti-za-denovite-koga-ne-znaete-shto-da-jadete-02.jpg

Посна леќа

Потребни состојки:

  • 500g леќа;
  • 50ml масло;
  • 2 главици кромид (ситно исечени);
  • 1 страк праз (ситно исечкан);
  • 2 чешниња лук (ситно исечкани);
  • 2 моркови (изрендани);
  • 2 лажици доматен сос;
  • 2 ловорови листови;
  • Малку оригано;
  • ½ мала лажичка оцет;
  • Сол и бибер (по вкус).

Начин на подготовка:

  • Леќата се мие, се става да се вари во големо количество вода околу 5 минути, па се процедува;
  • Во тенџере се ставаат, 3-4 големи лажици масло и се динстуваат кромидот и празот околу 3 минути;
  • Се додаваат кромидот и лукот и се динстуваат со мешање, па се додава сос од домати;
  • Се додава леќата и се додава вода која треба да ја прелее целата леќа во тенџерето;
  • Се додаваат ловорови ливчиња и се остава да се готви околу 25 минути на средна температура или додека да се згусне;
  • На крај се додава сол и бибер, и остатокот од маслото со постојано мешање;
  • Пред крајот се додава оцетот и се наросува со малку оригано.

5-predlog-posni-recepti-za-denovite-koga-ne-znaete-shto-da-jadete-03.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Вкусен колач без печење со ресана и Кока-кола Сакате да пробате нешто ново, а вкусно? Погледнете го видео-рецептот за колач со...
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути) Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
3 рецепти за деновите кога постите без масло Шпагети со лук и сусам, вкусен ориз со лозови листови или киноа... Што можете да...
2 рецепта за посното мени на Свети Никола што може да ги подготвите и во последен миг Рибата можете да ја испечете во Air Fryer, а во компир салатата да додадете и ма...
Рецепт за турски ѓевречиња меки како душа Овие турски ѓевречиња уште се познати и како ачми, а може да ги подготвите и со ...
Викенд ручек: Мусака ролат со мелено месо и растопен кашкавал Како да подготвите вкусен ручек со којшто ќе ги изненадите домашните? Пробајте г...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg