Ќе барате уште едно парче - Посна чоколадна торта
Обично се смета дека десертите не се посни и дека речиси е невозможно да се направи чоколадна торта без јајца, но овој рецепт ќе ве освои. Брз е за подготовка и лесен, а тортата се прави само од растителни состојки.

Доколку сакате да подготвите вкусен десерт во периодот додека траат постите, рецептот за оваа торта сигурно ќе ви се допадне.
Потребни состојки:
За торта:
- 180g брашно;
- 180g шеќер;
- 25g какао;
- 1,5 голема лажица прашок за печиво;
- 2 прстофати сол;
- 1 пакетче ванилин шеќер;
- 240ml растително млеко (кокосово, бадемово или сл.);
- 50g растителен путер или маргарин;
- Уште малку путер за премачкување на плехот.
За прелив:
- 250g шеќер;
- 25g какао;
- 320ml зовриена вода.
Начин на подготовка:
- Стопете го путерот на пареа и оставете го да се олади;
- Рерната се загрева на 180 степени Целзиусови и се зема еден помал плех и се премачкува со путер или маргарин;
- Во длабок сад се ставаат сувите состојки: брашно, шеќер, прашок за печиво, сол и ванилин шеќер;
- Со маталка се мешаат сите суви состојки, а потоа се додаваат растопениот путер и млекото, и со маталка се мати додека не се изедначи смесата;
- Готовата смеса се става во премачкан плех;
- Во друг сад се мешаат шеќерот и какаото со лажица, а потоа се растура врз површината на целата торта и се истура целото количество врела вода;
- Тортата се пече околу 25 минути на температура од 180 степени Целзиусови, или додека да добие рамна површина;
- Тортата се сервира топла.

Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Рецепт за оригинална грчка бугаца - Крцкава, сочна и полна со фил од гриз
Не е класична блага пита, а е едно од омилените печива за појадок на Грците. Сте...
Мек колач со малини, вкус кој потсетува на детството кај баба
Потсетува на колачот со вишни што ви го подготвуваа бабите, но иако не е потполн...
Кремаста и сочна Барон торта, со многу чоколадо и малини
Слаткиот вкус на чоколадо во комбинација со кисели малини ја става Барон тортата...
Рецепт за турска бисквит торта со чоколаден прелив – се топи во уста
Најубавата и најсочната бисквит торта со бел крем, чоколаден прелив и вкус на ка...
Вкусна пита со боровинки и лимон
Без оглед дали ќе ја правите со свежи или замрзнати боровинки, оваа пита ќе има ...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт
За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...