Рецепт за колачиња од ѓумбир, што се печат и во Air Fryer
Како да ги подготвите омилените колачиња со ѓумбир, што се застапени речиси во сите празнични филмови? Потребни ви се само неколку состојки и забавата може да започне...

Ако сакате овие празници да ги направите незаборавни за вашите деца, можете да подготвите традиционални американски колачиња со ѓумбир што ги гледаме во речиси сите празнични филмови.
Во Air Fryer ќе биде потребно да ги печете од 5 до 7 минути, а исто така можете да ги испечете и во рерна.
Потребни состојки:
- 170g путер;
- 150g шеќер;
- 170 ml шеќерна меласа;
- ½ мала лажичка сол;
- 1 мала лажичка цимет;
- 1 мала лажичка рендан ѓумбир;
- 1 поголемо јајце;
- ½ мала лажичка прашок за печење;
- ¼ мала лажичка сода бикарбона;
- 450g брашно.
Начин на подготовка:
- Во длабок сад се ставаат стопениот путер, кафеавиот шеќер, меласата, солта, циметот, ренданиот ѓумбир, јајцето и сите состојки се матат со миксер;
- Се додаваат прашокот за печење, содата и брашното и се замесува тесто, а по потреба се додава брашно додека тестото почне да не се лепи;
- Готовото тесто се става во фолија и се остава да се олади во фрижидер околу 1 час;
- Апаратот за печење на топол воздух се загрева на температура од 175 степени Целзиусови, а ако ги печете во рерна, тогаш ја загревате на 180 степени Целзиусови;
- На работна површина се става малку брашно и од тестото се прави кора дебела околу 5 милиметри и со калапи се вадат колачињата;
- Ако ги печете во Air Fryer ставете ги на претходно премачкана корпа со масло и печете од 5 до 7 минути на температура од 175 степени Целзиусови;
- Ако ги печете во рерна, колачињата наредете ги на обложени плехови и печете ги околу 15 минути на температура од 180 степени Целзиусови, или додека да добијат златно кафеава боја;
- Почекајте да се оладат, па потоа може да ги декорирате со стопено бело или црно чоколадо.

Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Ручек готов за 30 минути: Печени компири со зачин и лосос со неодолив вкус
Компирите се варат и добро се зачинуваат, лососот се сечка на коцки и се меша со...
3 посни рецепти без масло - вкусни јадења за божиќниот пост
Брза пита од компири и праз, мусака со печурки, чорба со зелка - овие три рецепт...
Во кујна со Сања Савеска: Божиќни путер колачиња, совршени за празничната трпеза
„Готвењето е мојата голема љубов уште од кога бев мала. Никогаш не ми е мак...
Кисели пиперки со павлака - Вкусна зимница готова за 20 минути
Пиперките во павлака се едно од оние јадења кои многу семејства со задоволство г...
Летен чоколаден колач – се прави во тава, нема печење и нема шанси да не ви се погоди
Во летниот период, кога не ви се поминува многу време во кујна – само измешајте ...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт
За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...