Нова верзија на рецептот на баба: Омилените божиќни гурабии со ванила и ореви
Се сеќавате на вкусните колачиња што буквално ви се топат во уста? Меки и полнети со ореви или лешници и валкани во шеќер од прав...

Во периодот пред новогодишните и божиќните празници, многумина сакаат да подготват вкусни колачиња, а нема ништо поубаво од оние чијшто мирис и вкус може да ве транспортира во минатото и да ве врати на трпезата на баба.
Гурабиите и ванилиците беа едни од омилените колачи некогаш, а овој рецепт е спој на двете. Меката кора на ванилиците е надополнета со вкусот на ореви и лешници со кои некогаш се полнеа гурабиите.
Како да ги подготвите?
Потребни состојки:
- 200g брашно;
- 125g путер (или маргарин);
- 70g шеќер во прав;
- 100g ореви или лешници (мелени);
- 1 ќесичка ванилин шеќер;
- 1 белка од јајце;
- шеќер во прав за валкање.
Начин на подготовка:
- Стопениот путер се става во длабок сад и се додава шеќерот во прав, па се мати со миксер додека да добиете кремаста смеса;
- Се додава белка од јајце, ванилин шеќер, мелени ореви или лешници и брашно и се замесува тесто;
- Тестото се собира во фолија и се остава во ладилник околу 1 час;
- Рерната се загрева на 180 степени;
- Тестото се дели на два дела, па од секој од деловите се сука тенка кора, околу 5mm, па се сечат тенки триаголници;
- Секој од триаголниците се обликува во форма на мала кифличка или месечинка и се става на претходно премачкан плех;
- Готовите гурабии се ставаат во плех да се печат на температура од 180 степени околу 12 минути;
- Откако ќе се испечат гурабиите се валкаат во шеќер во прав.

Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Рецепт за оригинална грчка бугаца - Крцкава, сочна и полна со фил од гриз
Не е класична блага пита, а е едно од омилените печива за појадок на Грците. Сте...
Летен чоколаден колач – се прави во тава, нема печење и нема шанси да не ви се погоди
Во летниот период, кога не ви се поминува многу време во кујна – само измешајте ...
Мек колач со малини, вкус кој потсетува на детството кај баба
Потсетува на колачот со вишни што ви го подготвуваа бабите, но иако не е потполн...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт
За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...
Во кујна со Катарина Ивановска - Рецепт за боранија со јунешко, манџа што ја обожаваат нејзините дец...
„Децата јадат буквално сè, а најмногу им се допаѓаат моите манџи. Мајка ми ...
Во кујна со Сања Савеска: Божиќни путер колачиња, совршени за празничната трпеза
„Готвењето е мојата голема љубов уште од кога бев мала. Никогаш не ми е мак...