Путер колачиња во вид на бастунче: Лесен рецепт за празничните денови
За подготовка на овој рецепт ви се потребни едноставни состојки, а овој период од годината е совршен за да уживате во вкусот на овие колачиња.

Време е за нешто интересно и празнично. За подготовка на овој рецепт ви се потребни едноставни состојки, а овој период од годината е совршен за да уживате во вкусот на овие колачиња.
Добро е да ги направите и неколку дена претходно зашто така ќе бидат уште послатки.

Потребни состојки:
- 200g шеќер
- 150g солен путер
- 2 јајца
- 10ml екстракт од ванила
- 5ml екстракт од бадем
- 360g сенаменско брашно
- 5g прашок за печиво
- 5g црвена прехранбена боја

Начин на подготовка:
- Изматете ги шеќерот и путерот со електричен миксер, додека не станат кремасти.
- Потоа додајте ги јајцата, екстрактите од ванила и бадем, па матете додека не се соединат целосно.
- Додајте ги брашното и прашокот за печиво, па мешајте додека не се соединат добро сите состојки.
- Поделете го тестото на половина: едниот дел нека остане бел, во другиот ставете црвена боја.
- Секоја половина завиткајте ја во пластична фолија и оставете ја во фрижидер да постои околу 2 часа.
- Кога ќе биде готова смесата, загрејте ја рерната на 180 степени.
- Поделете го тестото на 32 парчиња. Секое парче направете го во топка, а потоа во лента од околу 12 сантиметри.
- Измотајте една црвена една бела лента и формирајте бастунче. Ставете ги на плех обложен со хартија за печење и печете од 8 до 10 минути, или додека не заруменат.
- Извадете ги од хартијата, нека се изладат и уживајте!
М. Ѓ | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори
Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости
Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Рецепт за крцкави пица-стапчиња, за кои не треба да месите тесто
Наскоро почнува периодот на слави, па овие пица стапчиња можете да ги подготвите...
Рецепт за домашна бајадера - кралицата на малите колачи
Некои работи никогаш не излегуваат од мода и се пренесуваат од една генерација н...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави
Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Рецепт за највкусните домашни крофни – сите ќе бараат уште
Ако сте гурман, но и со вешти раце, тогаш вреди да го пробате овој рецепт за вку...