Лесен рецепт за фалафел - крцкави ќофтиња од наут
Во речиси сите ресторани каде што служат здрава храна на менито може да го забележите уникатниот фалафел, кој пак стана особено популарен помеѓу вегетаријанците и веганите затоа што е одличен извор на протеини. Како да ги направите овие вкусни ќофтиња дома?

Ако сакате да направите поинаков оброк и тоа без месо, тогаш фалафел ќофтињата се одличен избор за вас.
Во речиси сите ресторани каде што служат здрава храна на менито може да го забележите уникатниот фалафел, кој пак стана особено популарен помеѓу вегетаријанците и веганите затоа што е одличен извор на протеини.
Едноставен рецепт за фалафел:
Потребни состојки:
- 200g наут (не од конзерва)
- 1 главица кромид
- Свеж магдонос по вкус
- Свеж коријандер по вкус
- 2-3 чешниња лук
Начин на подготовка:
- Наутот покиснете го во вода и оставете го да отстои преку ноќ.
- Потоа исцедете го и ставете го во блендер со кромидот, магдоносот, коријандерот и лукот.
- Изблендирајте ги состојките убаво, а ако смесата е леплива, можете да додадете малку брашно.
- Покријте ја смесата и оставете да постои во фрижидер околу 1-2 часа.
- Извадете ја од фрижидер и од смесата обликувајте топчиња кои ќе ги пржите на загреано масло.

М. Ѓ | Црнобело / фото: freepik.com
Би можело да ве интересира:
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави
Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Домашно тирамису со совршен вкус - ќе уживате во секој залак
Лесно е, кремасто, со комбинација од сладок и горчлив вкус, што го прави еден од...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости
Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Посно гравче со спанаќ и домати - вкусен ручек што ќе го обожаваат сите
Постојат две опции да го подготвите овој рецепт - првата е да го оставите гравче...
Кисели пиперки со павлака - Вкусна зимница готова за 20 минути
Пиперките во павлака се едно од оние јадења кои многу семејства со задоволство г...
Рецепт за шпагети со кремаст и сочен сос од шери домати, лук и пармезан
Ако сте љубител на паста со лесни, но кремасти и сочни сосови, ова е идеален рец...