Оригинален италијански рецепт за шпагети карбонара - ќе се заљубите во специфичниот вкус

На шпагетите карбонара во 2000-та година им беше посветен и филм, насловен La Carbonara во режија на Луиџи Магни.

originalen-recept-za-spageti-karbonara-01.jpg

Љубителите на италијанската кујна ги издвојуваат шпагетите карбонара како највкусното јадење кое истовремено е и едноставно за подготовка, но и многу хранливо, со силен и специфичен вкус.

Некои кулинарски историчари сметаат дека овој рецепт е измислен во Рим, а дека името го добил по градот Карбонија.

Но, веќе не е потребно одите во скапи италијански ресторани за да го вкусите овој оригинален рецепт. Можете да го подготвите дома самите.

Потребни состојки:

  • 200g шпагети
  • 2 жолчки
  • 100g исечкана сланина
  • 200ml слатка павлака
  • 40g рендан пармезан
  • 50g рендан тврд кашкавал
  • 1 лажичка црн пипер
  • 2 чешниња лук
  • 1 лажица маслиново масло
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажица сечкан магдонос

Начин на подготовка:

  • Најпрво ставете ги шпагетите да се варат во солена вода, додека не омекнат.
  • Додека се варат шпагетите, започнете со подготовка на останатите состојки.
  • Измијте го и исечкајте го магдоносот. Измешајте ги жолчките со слатката павлака, солта и биберот, па додадете го магдоносот.
  • Додадете ги ренданиот пармезан и кашкавалот, убаво измешајте, па оставете ги на страна.
  • Исечкајте ја сланината.Загрејте една лажица масло на средна температура, па додадете ја сланината да се пржи. Внимавајте да не загори и мешајте додека не поцрвени.
  • Потоа, додадете ги ситно исечканите чешниња лук. Кога сланината ќе стане крцкава, тргнете ја од оган.
  • Врз жешките шпагети, кои сте ги исцедиле од водата (тргнете малку од водата на страна), ставете ја топлата сланина и прелијте ги со изматениот прелив од жолчки и рендан пармезан.
  • Додадете малку од водата во која ги варевте шпагетите со цел да добиете кремаста смеса.
  • На овој начин жолчката ќе биде термички обработена и безбедна за јадење. Сирењето ќе се стопи и ќе добиете вистинска кремаста текстура.
  • Послужете ги веднаш.

originalen-recept-za-spageti-karbonara-03.jpg

originalen-recept-za-spageti-karbonara-02.jpg

В. К. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за домашна бајадера - кралицата на малите колачи Некои работи никогаш не излегуваат од мода и се пренесуваат од една генерација н...
Рецепт за баклава полнета со Нутела и лешници – најдобрата што ќе ја пробате Традиционална баклава, но полнета со многу Нутела и ситно сечкани лешници – веро...
Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Рецепт за највкусните домашни крофни – сите ќе бараат уште Ако сте гурман, но и со вешти раце, тогаш вреди да го пробате овој рецепт за вку...

Најчитани неделава