Рецепт за брза ужинка со кој најлесно ќе ги натерате децата да јадат зеленчук

Овие корејски палачинки се идеални за сите возрасни што сакаат да пробаат нешто без месо, но и за децата кои тврдоглаво одбиваат да јадат зеленчук. Брзи се за подготовка, а се прават од состојки што најверојатно веќе ги имате дома.

recept-za-brza-uzhinka-so-koj-najlesno-kje-gi-naterate-decata-da-jadat-zelenchuk-01.jpg

Родителите на мали деца знаат дека приготвувањето храна за нив некогаш знае да биде предизвик. Не им се допаѓа зеленчукот, не им изгледал убаво, не сакаат да јадат...

Мин Квон на својот Инстаграм профил редовно споделува видеа од рецептите што ги подготвува за нејзините деца, а како што вели, овие корејски палачинки се омилени во нејзиниот дом и се начин да се осигури дека нејзините деца внеле доволно здрава храна.

Можете да додадете зеленчук по ваш вкус или, пак, ако сакате и малку лути зачини.

Како се подготвуваат?

Потребни состојки:

  • 100g брашно;
  • ½ лажиче сол;
  • 50g нишесте;
  • 170mi вода;
  • 3 млади кромитчиња (исечкани на долги ленти);
  • 1 мала тиквичка (изрендана);
  • 1 морков со средна големина (изрендан);
  • Сончогледово масло (за пржење).

Начин на подготовка:

  • Тиквичката се ренда со ренде и со помош на газа или цедалка се цеди вишокот вода;
  • Во длабок сад се мешаат сувите состојки, па потоа се додава вода и со маталка се меша додека да се добие изедначена смеса;
  • Се додава изренданиот зеленчук во тестото и се меша додека да се добие изедначена смеса;
  • Во тавата се става масло и се остава да се загрее;
  • Со црпалка се зема малку од смесата и се става во тавата, при што треба да се формира тенка палачинка;
  • Палачинката се пржи на средна температура по 4-5 минути од едната страна, а потоа се превртува и се пржи уште 3-4 минути од другата страна;
  • Готовите палачинки треба да имаат златно кафеава боја;
  • Постапката се подготвува сѐ додека целосно не се потроши смесата;
  • За полесно послужување можете веднаш да ги исечете на помали парчиња и коцкички.

Видео упатство:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Во кујна со Катарина Ивановска - Рецепт за боранија со јунешко, манџа што ја обожаваат нејзините дец... „Децата јадат буквално сè, а најмногу им се допаѓаат моите манџи. Мајка ми ...
Посно гравче со спанаќ и домати - вкусен ручек што ќе го обожаваат сите Постојат две опции да го подготвите овој рецепт - првата е да го оставите гравче...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...
Рецепт за шпагети со кремаст и сочен сос од шери домати, лук и пармезан Ако сте љубител на паста со лесни, но кремасти и сочни сосови, ова е идеален рец...
3 посни рецепти без масло - вкусни јадења за божиќниот пост Брза пита од компири и праз, мусака со печурки, чорба со зелка - овие три рецепт...
Брза торта со бело чоколадо и бисквити, без печење - ќе барате парче плус Оваа торта од 6 состојки се подготвува за само 10 минути. А кога глазурата од чо...

Најчитани неделава