Рецепт за турски ѓевречиња меки како душа
Овие турски ѓевречиња уште се познати и како ачми, а може да ги подготвите и со најразлични полнежи внатре.

Основното тесто се подготвува многу лесно, а може да ги направат и почетници во кујна.
Како да ги подготвите?
Потребни состојки:
- 250ml млеко (млако);
- 150ml вода (млака);
- 150ml сончогледово масло;
- ½ лажиче сол;
- 2 големи лажици шеќер;
- 1 пакетче сув квасец;
- 1 белка од јајце;
- 700g брашно;
- По 1 лажиче омекнат путер за секоја ачма;
- 1 жолчка од јајце;
- Сусам.
Начин на подготовка:
- Во длабок сад се става млеко, вода, масло, сол, шеќер и се мешаат добро;
- Потоа се додава квасец, белка од јајце и полека се додава брашно, па се замесува меко тесто;
- Тестото се прекрива и се остава да нарасне околу 45 минути;
- По ова, тестото се става на работна површина и се дели на 12 топчиња, па се става по една лажичка путер на секое топче;
- Од секое топче се прави по една кифла, која се истегнува и од неа се формира ѓеврече;
- Рерната се загрева на температура од 170 степени Целзиусови;
- Ѓевречињата се ставаат на плех обложен со хартија и се оставаат прекриени со крпа да стасаат околу 20 до 30 минути;
- Ѓевречињата се премачкуваат со разматено јајце и се посипуваат со сусам, па се ставаат да се печат околу 25 до 30 минути или додека да станат златно кафеави;
- Откако ќе се испечат, може да се прекријат со крпа уште 10 до 15 минути за да станат уште помеки.
Видео упатство:
Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
3 посни рецепти без масло - вкусни јадења за божиќниот пост
Брза пита од компири и праз, мусака со печурки, чорба со зелка - овие три рецепт...
Мек колач со малини, вкус кој потсетува на детството кај баба
Потсетува на колачот со вишни што ви го подготвуваа бабите, но иако не е потполн...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт
За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...
Рецепт за оригинална грчка бугаца - Крцкава, сочна и полна со фил од гриз
Не е класична блага пита, а е едно од омилените печива за појадок на Грците. Сте...
Посно гравче со спанаќ и домати - вкусен ручек што ќе го обожаваат сите
Постојат две опции да го подготвите овој рецепт - првата е да го оставите гравче...
Ручек готов за 30 минути: Печени компири со зачин и лосос со неодолив вкус
Компирите се варат и добро се зачинуваат, лососот се сечка на коцки и се меша со...