Рецепт за сочна џин торта, готова за еден час
Ако сте љубител на џинот, тогаш сигурно ќе уживате во вкусот на оваа торта.

Сте пробале ли некогаш торта со џин и лимета?
Вкусот е специфичен, а ќе ве освои уште со првиот залак...
Како да ја подготвите?
Потребни состојки:
За тестото:
- 250g брашно
- 250g шеќер
- 250g путер на собна температура
- 80ml џин
- 5 јајца (собна температура)
- 2 лимети (само кората)
- 2 лажички прашок за печиво
- ¼ лажичка сол
Шербет:
- 150ml тоник
- 100g шеќер
- 30ml џин
- 2 лимети (само сок)
Глазура:
- 100g шеќер во прав
- 3 лажици џин
Начин на подготовка:
- Во сад за матење ставете ги путерот и шеќерот и спојте ги за да добиете пенеста смеса.
- Потоа додавајте ги јајцата едно по едно додека мешате, а кога убаво ќе ги соедините, додајте ги и брашното, солта, прашокот за печиво и џинот.
- Измешајте за да добиете мазно тесто, па во смесата изрендајте ја и кората од лимета.
- Калапот за печење обложете го со хартија, па истурете ја смесата во него. Печете 50 до 60 минути (зависно од рерната) на 170 степени.
- Додека тортата се пече, во сад ставете ги тоникот и шеќерот да зовријат и варете додека да добиете густ шербет. Кога ќе биде готов, тргнете го настрана за да се олади.
- Во изладениот шербет ставете ги џинот и сокот од лимета.
- Со стапче за раженчиња (или со нож), направете многу дупки низ тортата, па со четка премачкајте го сирупот врз тортата.
- Подгответе ја глазурата - шеќерот во прав измешајте го со џинот за да добиете густа смеса, па нанесете ја преку тортата (мора да е целосно изладена за да не се стопи глазурата).
- Декорирајте ја со парчиња лимета и изрендајте малку кора од зелен лимон, па послужете ја.
Видео постапка:
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Посно гравче со спанаќ и домати - вкусен ручек што ќе го обожаваат сите
Постојат две опции да го подготвите овој рецепт - првата е да го оставите гравче...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт
За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...
Вкусна пита со боровинки и лимон
Без оглед дали ќе ја правите со свежи или замрзнати боровинки, оваа пита ќе има ...
Мек колач со малини, вкус кој потсетува на детството кај баба
Потсетува на колачот со вишни што ви го подготвуваа бабите, но иако не е потполн...
Торта со пудинг, јагоди и банани - готова за 10 минути
Ако не можете да почекате тортата да се излади и стврдне за да ја пресечете на п...
Рецепт за оригинална грчка бугаца - Крцкава, сочна и полна со фил од гриз
Не е класична блага пита, а е едно од омилените печива за појадок на Грците. Сте...