Предлог за викенд ручек: Вкусни вегетаријански лазањи со два вида сос
Денес ви прикажуваме еден рецепт за лазањи со два вида сос кои, ако ги приготвите со љубов, ќе ве импресионираат и ќе сакате да ги подготвувате што почесто.

Вегетаријанските јадења во последно време добиваат сè поголема популарност, а доколку ги комбинирате состојките правилно, може да добиете навистина вкусно, но и поинакво јадење од традиционалните.
Ако сакате тестенини, веруваме дека сакате и лазањи, а без разлика дали сте вегетаријанец или не, вреди да ја пробате и верзијата без месо.
Вкусни лазањи со два вида сос:
Потребни состојки:
За филот:
- 3 црвени пиперки, исечкани на големи коцки
- 2 модри домати, исечкани на парчиња со дебелина од ½ сантиметар
- 8 лажици маслиново масло
- 300g листови лазањи
- 125g моцарела
- Неколку шери домати, исечкани на половина
За доматниот сос:
- 1 лажица маслиново масло
- 2 главици кромид, ситно исечкани
- 2 чешниња лук, исечкани
- 1 морков, покрупно исечкан
- 2 лажици доматно пире
- 200ml бело вино
- 3 лименки (од 400g) исечкани домати
- Малку свеж босилек
За белиот сос:
- 85g путер
- 85g обично брашно
- 750ml млеко
Начин на подготовка:
- За сосот од домати, во тенџере загрејте го маслиновото масло. Додајте ги кромидот, лукот и морковот и гответе околу 5 до 7 минути, на среден оган, додека состојките не омекнат.
- Намалете ја температурата и додајте го доматното пире. Гответе околу една минута, па истурете го белото вино и варете 5 минути додека смесата не се намали за две третини.
- Потоа, ставете ги и исечканите домати и листовите босилек. Оставете сето тоа да зоврие и варете дваесетина минути. Оставете да се излади, па изблендирајте.
- За белиот сос, растопете го путерот во тенџере, ставете го брашното и мешајте околу 2 минути.
- Полека ставете го млекото, па оставете да зоврие, притоа постојано мешајќи. Намалете ја температурата на огнот и оставете да се вари додека сосот не почне да се згуснува.
- Загрејте ја рерната на 180-200°C. Во меѓувреме, земете два големи плеха и малку подмачкајте ги со маслиново масло, па додајте ги пиперките и модрите патлиџани. Прелијте со маслиново масло, добро зачинете ги, а потоа печете ги околу 25 минути, додека не заруменат.
- Намалете ја рерната на 160-180 °C. Подмачкајте го садот во кој ќе печете, одоздола наредете слој од зеленчукот, па прелијте со третина од сосот од домати. Потоа, ставете листови лазањи, па ставете четвртина од белиот сос. Повторувајте ја постапката додека не добиете три слоја тестенини.
- Преостанатиот бел сос намачкајте го со лажица врз тестенините, притоа внимавајте да биде покриена целата површина.
- На крај, додајте моцарела и шери домати. Печете околу 45 минути, додека не зарумени.

М. Ѓ | Црнобело / фото: freepik.com
Би можело да ве интересира:
Сочно пилешко во сос од шери домати и спанаќ
Ви се јаде нешто сочно, а дома имате пилешко, но не знаете на кој начин да го по...
Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење
Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
Торта со пудинг, јагоди и банани - готова за 10 минути
Ако не можете да почекате тортата да се излади и стврдне за да ја пресечете на п...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт
За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...
Посно гравче со спанаќ и домати - вкусен ручек што ќе го обожаваат сите
Постојат две опции да го подготвите овој рецепт - првата е да го оставите гравче...
Здрав посен десерт готов за 10 минути – кога ќе кризирате за благо
Додека постите, ако закризирате за нешто благо, ви требаат само три состојки за ...