Прсти да излижете: Баунти колач со кокос и Орео колачиња, што не се пече
Од овој колач задолжително ќе барате парче плус, а омилен им е на сите оние што не можат да му одолеат на вкусот на кокос.

Овој колач е инспириран од вкусните баунти чоколатца. Тој е совршен спој на кокос и чоколадо, а ќе им се допадне на сите кои сакаат да подготват вкусен и брз десерт.
Како да го подготвите?
Потребни состојки:
За кора:
- 28 парчиња (308g) Орео колачиња;
- 70g несолен путер;
За фил од кокос:
- 400ml кокосово млеко;
- 200g кокос;
- 3 лажици шеќер.
За прелив од чоколадо:
- 80ml кокосово млеко;
- 115g чоколадо за готвење;
- ½ лажица путер;
- Кокос (за декорација).
Начин на подготовка:
- Млекото за филот се загрева и му се додава шеќерот;
- Со повремено мешање се остава млекото да врие на тивка температура, додека не испари половина од течноста и се направи кондензирано;
- Орео колачињата се дробат во процесор за храна, или во ќеса со сукало, а путерот се топи на пареа;
- Во длабок сад се мешаат искршените колачиња и стопениот путер и од нив се прави кора, па се става да отстои во ладилник околу половина час;
- Во мало тенџере се загреваат 80ml кокосово млеко и потоа во него се додава искршеното чоколадо;
- Чоколадото се остава да отстои околу 5 минути во млекото, па се меша додека да се стопи;
- На крај во чоколадниот прелив се додава путер и се меша;
- Во изладеното кокосово млеко за филот се додава кокос и се меша;
- Се става врз оладената кора, па се прелева со чоколаден прелив и се остава во ладилник да се олади околу 3-4 часа;
- Откако ќе се олади, колачот се декорира со кокос.
Видео упатство:
Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Колач со лимон и мак - Сочен и вкусен десерт, за целото семејство
Класичниот колач со мак можете да го подготвите во нова, посвежа варијанта - со ...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости
Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Рецепт за оригинална грчка бугаца - Крцкава, сочна и полна со фил од гриз
Не е класична блага пита, а е едно од омилените печива за појадок на Грците. Сте...
Летен чоколаден колач – се прави во тава, нема печење и нема шанси да не ви се погоди
Во летниот период, кога не ви се поминува многу време во кујна – само измешајте ...
Летен колач со кокос и овошје, подготвен во стилот на нашите баби
Колачот со кокос и овошје е во стилот на раванијата или колачот со вишни што го ...
Во кујна со Симона од Скопје: Божиќен колач со суво овошје
Симона од Скопје пред Божиќ подготви божиќен колач со суво овошје, а рецептот го...