Брз викенд ручек за гурмани: Потпечени плескавици со растопен кашкавал
Што да подготвите ако дома имате компир, мелено месо и моркови? Може да си направите вкусни ќофтиња, што се идеални за брз ручек или вечера, кои ќе ги потпечете со кашкавал и сос од домати.

Овој ручек ќе им се допадне на сите гурмани, кои за викендот или по напорниот работен ден сакаат да уживаат во брз оброк со месо и со растопен кашкавал.
Потребни состојки:
- 2 компира;
- 1 морков;
- 500g јунешко мелено месо;
- 1 лажиче сол;
- 1 лажиче црвен пипер;
- ½ лажиче црн бибер;
- ½ лажиче оригано;
- Листови магдонос (ситно исечкани);
- 200ml сос од домати;
- 200g рендан кашкавал;
- Масло за јадење (за пржење).
Начин на подготовка:
- Компирот се лупи, се мие и се ренда, па се процедува од вишокот течност;
- Излупениот морков се ренда, па во длабок сад се меша со компирот;
- Рерната се загрева на 180 степени Целзиусови;
- Се додава меленото месо и сите состојки се промешуваат, па се додава сол, црвен пипер, бибер, оригано и магдонос;
- Од состојките се замесува тесто и од нив се обликуваат ќофтиња;
- Ќофтињата се пржат во тава на рингла со средна температура, додека не поруменат од двете страни, а потоа се префрлаат во премачкан плех за печење;
- Се прелеваат со сос од домати и се наросуваат со кашкавал;
- Ќофтињата се печат 30-тина минути на температура од 180 степени Целзиусови.
Видео упатство:
Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење
Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори
Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Брза пита со готови кори - им успева и на тие што не се вешти во кујна
Ако сте од оние жени (или мажи) што не се многу вешти во кујна, а сепак ви се ја...
Сочно пилешко во сос од шери домати и спанаќ
Ви се јаде нешто сочно, а дома имате пилешко, но не знаете на кој начин да го по...
Кремаст плазма колач со пудинг, јагоди и банани – брз, лесен и неодолив
Ако ви треба лесен и брз рецепт за нешто благо, кремасто и неодоливо, ова е тоа ...
Рецепт за сочен домашен ручек – печено свинско филе со компири
Сигурно се сеќавате на вкусните ручеци кај баба и мирисот од рерна додека се под...