Рецепт за пита со јаболка како од McDonald’s

Доволно е да прочитате „пита со јаболка од McDonald’s“ и веднаш во устата да го почувствувате препознатливиот вкус.

recept-za-shtrudla-so-jabolka-kako-od-mcdonald-s-01.jpg

Малку јаболка, лиснато тесто и неколку зачини... Сега, вкусната пита по теркот на онаа од McDonald’s можете да ја направите и сами дома.

Пробајте, нема да зажалите.

Потребни состојки:

  • 1 пакување лиснато тесто
  • 2 средни јаболка
  • 60g шеќер
  • 1 лажичка цимет
  • 1 лажичка ванила
  • 2 лажици сок од лимон
  • 30g путер
  • Прстофат сол
  • 1 лажица нишесте
  • 1 лажица вода

За премачкување:

  • 1 белка од јајце
  • 1 лажица шеќер
  • 1 лажичка цимет

Начин на подготовка:

  • Излупете ги јаболката и пресечете ги на коцки.
  • Ставете ги во тава да се пропржат заедно со шеќерот, циметот, ванилата, сокот од лимон, солта и путерот.
  • Кога ќе омекнат јаболката, во смесата додајте и микс од 1 лажица нишесте со 1 лажица вода.
  • Расукајте го лиснатото тесто и пресечете го на ленти.
  • Секоја лента до пола наполнете ја со филот од јаболка, но оставете доволно простор на тестото да го премачкате со малку вода, па преклопете.
  • Со виљушка поминете преку рабовите на штрудлите, па премачкајте ги со изматената белка.
  • Со нож пресечете ги на 3-4 места штрудлите и на крај наросете ги со смесата од шеќер и цимет.
  • Печете ги во загреана рерна на 180 степени околу 15-20 минути.

Видео постапка:

А. Ј. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Ручек готов за 30 минути: Печени компири со зачин и лосос со неодолив вкус Компирите се варат и добро се зачинуваат, лососот се сечка на коцки и се меша со...
Мек колач со малини, вкус кој потсетува на детството кај баба Потсетува на колачот со вишни што ви го подготвуваа бабите, но иако не е потполн...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...
Лиснато со јаболка со цимет - колачи со кои домот ќе замириса на есен Топол дом, мирис на тазе испечен колач со јаболка и цимет. Има ли нешто што толк...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...

Најчитани неделава